ЦИА имала таен проект со име MK-ULTRA, кој бил спроведен во периодот во 1957 и 1960 година, а кој имал цел контрола на човечкиот ум со помош на дрога и метод како хипноза.
Како што пренесуваат српските медиуми, овој метод бил откриен неодамна и е емитуван во истражувачкиот серијал „Брејнвошинг“ на американската телевизиска мрежа Си-би-ес.
Ово серијал бил посветен на озлогласениот проект MK-ULTRA, пренесува „Јутарни весник“. Исто така, по отстранувањето на знакот за тајност, на голем број од документите било откриено дека озлогласениот проект бил применуван во Канада и дека тамошната влада знаела за тоа.
За време на раниот период во студената војна, ЦИА била убедена дека комунистите откриле лек или некаков вид техника, која ќе им овозможи контрола над човечкиот ум. Како одговор на тоа, ЦИА ја почнала својата тајна програма наречена MK-ULTRA.
Овој проект имал цел да најде лек со кој ќе може да се контролира умот и кој би можел да се употреби како оружје против непријателите. Проектот го водел хемичарот доктор Сидни Готлиб.
„Некои од неговите експерименти се тајно финансирани на американските универзитети и истражувачки центри, а други биле спроведени во американски затвори и притворни центри во Јапонија, Германија и на Филипините“, изјавил новинарот Стивен Кинзер за „Нешенел паблик“.
Откриено е дека во монструозните проекти биле вклучени и славни универзитети како „Харвард“, „Колумбија“, „Масачусетс“.
Исто така, детали од проектот биле објавени во книгата на новинарот Кинзер, кој долго ја истражувал таа тема, а која го носи насловот „Главниот трујач: Сидни Готлиб и ЦИА, потрага за контрола на умот“.
Готлиб во летото 1951 година почнал да работи во ЦИА, која била особено заинтересирана за LSD. Студиите покажале дека LSD дејствува смирувачки, па од почетокот на педесеттите години од минатиот век ЦИА дала налог Готлиб да ги купи сите светски резерви за психоактивна дрога.
Готлиб го донел LSD во САД и почнал да го шири во болниците, психијатриските клиники, затворите и другите институции, со цел да открие како луѓето реагираат на дрогата и дали таа може да се користи како средство за контрола на умот.
Целата операција била изведена во строга тајност, а првите волонтери во истражувањата биле агенти на ЦИА и научници, вклучувајќи го и самиот Готлиб, кој подоцна признал дека LSD го користел повеќе од 200 пати.
Освен LSD, во експериментите биле користени и мескалин, кокаин и марихуана. Доброволците што за време на експериментот зеле LSD, во голем број од случаите доживеале пријатно искуство и за тоа зборувале со пријателите, меѓу кои имало и славни личности.
Така, Сидни Готлиб на некој начин го забрзал развојот на контракултурата во шеесеттите години. По почетните експерименти со LSD, во кои учествувале доброволци, Готлиб го проширил испитувањето на затворениците.
Според истражувањето на Кинзер, многу од учесниците во експериментите на Готлиб биле изложени на психолошка тортура почнувајќи од електрошоковите до високите дози на LSD. На пример, во еден проект во кој учествувале деца на возраст од шест до 11 години, кај кои е дијагностицирана шизофренија, добивале LSD секој ден во период од шест недели.
ВИА вовела надзор и на многубројни бордели што биле озвучени за да проучуваат како комбинацијата од секс и дрога влијае на подготвеноста на мажите да издадат некаква тајна.
„Готлиб сакал да открие на кој начин може да се преземе контрола над човечкиот ум и сфатил дека тоа е процес од два дела. Прво, мора да го разбиете постојниот ум. Второ, морате да пронајдете начин во таа новонастаната празнина, да уфрлите нов ум. Не знаеме како луѓето умреле, но многу животи трајно се уништени. На крајот, Готлиб заклучил дека контролата на умот не е можна“, изјавил Стивен Кинзер.
Проектот MK-ULTRA згаснал во 1973 година кога тогашниот американски претседател Ричард Нисон го сменил тогашниот директор на ЦИА, кој директно го штитил Готлиб.
Но, пред него била почната истрага за целиот случај, а од врвот на ЦИА наредиле сите документи да се уништат. Сепак, некои од нив се зачувани.
Извор/Курир.рс