Откриена древна вавилонска карта со која се следело патувањето на Јупитер

Историчарите неодамна декодирале тајна древна вавилонска астрономска плоча во форма на трапезоид. По анализата, заклучено е дека вавилонските астрономи со истата го пресметувале движењето на Јупитер користејќи го древниот облик на геометриско пресметување.

Тоа се случувало околу 1500 години пред да се осмисли математиката што ја користиме денес, а која ја изумиле Европејците.

Плочата е преведена од страна на астроархеологот Матје Осендривер од Универзитетот Хумболт во Берлин.

„Тоа значи дека тие древни мезопотамски астрономи не само што сфатиле како да го предвидат патувањето на Јупитер пред повеќе од 1000 години, пред да настане првиот телескоп, туку и ги користеле математичките техники кои се темели на модерните калкулации какви што денес ги познаваме“, вели Осендривер.

Тоа е големо откритие, а плочата е една од стотината ископани во текот на 19 век. Антрополозите и археолозите работеле повеќе од сто години обидувајќи се да ја декодираат. Датира од 100 или 200 години пред Христа.

Плочата покажува дека древните астрономи го користеле времето да ги пресметаат брзината и оддалеченоста од небесниот објект.

Се утврдило дека Вавилонците го следеле патувањето на Јупитер во одреден временски период. Тоа го направиле со мерење на брзината секој ден.

„Ова ќе отвори нови пресметки на движењата кои би можеле да се применат и на други планети, како и на други делови од патот на Јупитер за кои немаме информации. Денеска ги имаме само овие четири панели и сите го опишуваат патот на Јупитер“, вели Осендривер.

Со пресметувањето на површината внатре во трапезот, дневните астрономи можеле да дознаат каде планетата ќе биде на небото. Тоа е истата врска меѓу брзината и движењето што се учи на почетните часови по математика.

Популарното списание New Scientist истакнува дека научниците на оксфордскиот колеџ Мертон во Париз во 14 век обично ја забележувале истата брзина и патување.

Неверојатно е колку малку се знае за древните цивилизации кои некогаш живееле на нашата планета.

Уште поинтересно е што многумина од тие стари култури говорат за богови кои пристигнале од вселената со висока софистицирана технологија.

Секогаш е интересно кога размислувате за знаењето на древните цивилизации и откритија како ова кое ги отфрла нашите претпоставки и знаења за историјата.

Повеќето од историските настани се базираат на измислени факти, кои никогаш нема да можат да бидат докажани.

 

 

 

Scroll to Top