Откриена комета со високо ниво на алкохол

Научниците открија комета со високо ниво на алкохол. Планетата со име 46P/Wirtanen е забележана во Сончевиот Систем уште во 2018 година. Таа има една од највисоките стапки на алкохол и алдехиди измерени од  која било комета досега.

Ова ни кажува за начинот на дистрибуција на молекулите на јаглерод, кислород и водород во раниот Сончев Систем, кога била создадена 46P/Wirtanen“, рече космологот Нил Дело Русо од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Тој вели дека кометите често се алкохолизирани небесни тела. Кога се приближуваат до нашето Сонце тие се загреваат и почнуваат да испуштаат алкохолни соединенија во вселената.

Некои од нив се чини дека се повеќе склони кон алкохолот од другите. За кометата 46P/Wirtanen научниците велат дека е редовен посетител во внатрешниот дел на Сончевиот Систем.

Таа патува околу Сонцето на секои 5,4 години, понекогаш приближувајќи се толку близу до Земјата што можеме да ја видиме на ноќното небо со голо око, пишува Science Alert.

За време на нејзината последна посета, во декември 2018 година, кометата се приближила на 11,6 милиони километри или околу 30 пати повеќе од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината. Научниците ја набљудувале преку спектрограф во опсерваторијата „Кек“.

Тие го откриле нејзиниот хемиски состав. Нејзината атмосфера се состои од ацетилен, амонијак, етан, цијановодородна киселина, метанол и вода. Таа е потопла е отколку што може да ја загрее сонцето.

„Откривме дека температурата на водниот гас во атмосферата на кометата не се намалува значително со оддалеченоста од јадрото, што подразбира механизам за затоплување“, рече астрономот Ерика Гиб од Универзитетот во Мисури.

 

Scroll to Top