Хантер Бајден, синот на американскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, го нарече кинескиот бизнисмен Патрик Хо шеф на кинеските шпиони.
Хо, кој е познат по врските со лидерот на српската опозициска народна партија, Вук Јеремиќ, е осомничен дека е шпион под контрола на Пекинг, пишува британски „Сан“.
Судската документација, која била објавена во вторникот, покажува дека барем една налог за следење на странските известувачи е издаден поради Хо во февруари 2018 година.
Како што наведува „Сан“, бизнисменот е осуден за перење пари во Уганда и Чад. Во наводните аудиоснимки што биле најдени во лаптопот на Хантер Бајден тој неговиот соработник го нарекува шеф на кинеските шпиони.
„Сан“ додава дека службите не успеале да ја потврдат автентичноста на снимките, како и контекстот на разговорот.
Британскиот медиум наведува дека по налогот било дозволено електронско и физичко следење на Патрик Хо, кој бил на чело на кинеската енергетска фирма CEFC China Energy. Кинезот е оуден на три години робија во март 2019 година.
Хантер Бајден бил член на кознорциумот кој имал партнерство со CEFC во време на спорните работи и го претставувал Хо во тој случај. Наводната снимка, како што пишува „Сан“, е пронајдена во лаптопот на Бајден со името „Најгенијалното срање некогаш“.
„Репортер на ‘Њујорк тајмс’ ме повика да ме праша за претставувањето на Патрик Хо, ебе**от шеф на кинеските шпиони, кој ја отвори фирмата вредна 323 милијарди долари со мојот партнер, кој исчезна без трага“, вели наводно Хантер во снимката.
„Сан“ додава дека партнерот всушност е Ји Џанминг, основач на CEFC China Energy. Адвокатите на Бајден изјавиле дека нема да ги коментираат информациите што медиумите му ги доставуваат на Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп.
Вук Јеремиќ, поранешниот шеф на српската дипломатија и едно врме претставник во Генералното собранието на Обединетите нации, имал деловни контакти со Хо.
Како што и претходно пишуваа медиумите во Србија, неговиот CEFC на Јеремиќ му исплатил вкупно 5,3 милиони долари за консултантски услуги. Лидерот на Народната партија морал во Њујорк да сведочи на судењето на кинескиот бизнисмен.