Мишел Флорној, жената која претендира да застане на чело на Пентагон се закани дека за само 72 часа, САД би можела да ја потопи целата кинеска флота.
Како што пренесуваат медиумите, таа пренела дека американската морнарица во Јужнокинеското море, би можела да ја уништи целокупната расположлива кинеска флота, во период од само три дена и три ноќи.
„Американската војска е способна да ја потопи целокупната кинеска флора и подморници, како и трговските бродови во Јужнокинеското море, во рок од 72 часа и затоа кинеските лидери ќе мораат да размислат двапати пред да покренат инвазија на Тајван. Треба да се запрашаат дали е вредно да ја изложуваат целата флора на ризик“, изјавила Мишел за магазинот Forin afers.
Мишел и е добро позната на американската војска. До пред четири години, таа му беше заменик на министерот за одбрана за политички прашања, во администрацијата на Барак Обама. Многу воени аналитичари ја сметаат за еден од главните кандидати на чело на Пентагон.
Кинските медиуми пренесоа дека нејзините закани за акцијата во Јужнокинескоо море, се недозволиви. Во наведениот текст, таа ја истакнува потребата за иновација, особено во доменот на вештачката интелегенција, кога станува збор за сајбер и противоздушната одбрана.
„САД мораат да спречат било каков кинески обид на агресија, а и кинеските лидер мора да разберат дека таквите потези не се во нивен интерес“, навела таа.
Michèle Flournoy thinks like General Ripper in Dr Strangelove & still dreams about the old days when US gun boats sailed up the Yangtze those days are truly over!
A harder US line? Potential Pentagon chief floated idea to sink China fleet in 72 hourshttps://t.co/MJqvzOvqqF
— StarBoy 🥭 (@StarboyHK) November 15, 2020