Петров да го стиснеше црвеното копче, ќе настанеше катаклизма

By

Станислав Петров на 26 септември во 1983 година јавил дека САД лансирале пет ракети со нуклеарни бомби кон Москва. Според воените информации, требало да се возврати.

Неговото име на многу малку луѓе им значи нешто, напротив, секој човек на Земјината планета треба да знае за него. Станува збор за човекот поради кој денеска сите сме живи. Петров почина во понеделникот утрото на 18.9.2017 година на 77-годишна возраст, во својот дом, недалеку од Москва.

Гледајте го видеото на следниот линк:

Тој на 26 септември 1983 година остана присебен и не го стисна црвеното копче, копче што можело целиот свет да го турне во трета светска, но и нуклеарна војна.

News Archive - Dec. 5, 2004 | Autor: Mark Mcdonald

Петров во осумдесеттите години од минатиот век бил полковник на руската војска и заповедник во центарот ОКО, сместено во близина на Москва, срцето на системот кој предупредува на нуклеарни проектили, кои евентуално би биле лансирани од страна на тогашниот СССР.

На 26 септември 1983 година, во првите минути по полноќ, во центарот се огласи алармот. Компјутерот покажал дека кон Москва од насоката од САД полетала една балистичка ракета со нуклеарна бомба, а набргу потоа покажало дека полетале уште четири. Ударот требало да следува по само неколку минути.

„Никогаш не сум ни помислил дека би можел да се најдам во таква ситуација иако сите бевме уверени дека Американците може да нѐ нападнат во секој момент и дека само прашање на време е кога тоа ќе се случи. Студената војна во тоа време беше ледено студена“, вели Петров.

Иако според протоколот требало веднаш да ја лансира советската нуклеарна ракета од советската база која требало да ги погоди целите на подрачјето на САД, но и Западна Европа, Петров во последен момент се пишманел. Го вооружил системот, но сепак на крајот не го притиснал копчето.

„Инстинктот му говорел дека нешто не е во ред“

„Сѐ било подготвено, но не сакав да ги лансирам ракетите, беше јасно дека тоа значи крај на светот каков што го познаваме. Одлучив да чекам. Минутите минуваа, а компјутерот покажуваше дека американските проектили се доближуваат до СССР. Алармот го потресе целиот центар, но не ги лансирав ракетите, ниту ги известив своите претпоставени. Тие би ми наредиле да ги лансирам. Во такви ситуации не можете рационално да анализирате, нема многу време, туку само се потпирате на инстинктот. А тој ми говореше дека нешто не е во ред“, изјави Петров.

Тој додава дека во тој момент во главата му се вртеле само две работи

Компјутерот бил уверен дека Москва била срушена

„Компјутерот покажуваше дека кон нас летаат пет проектили лансирани од само една база и дека сите беа насочени кон Москва. Главно нападот на Американците не би бил ограничен на само пет ракети, туку сигурно тие би сакале да ги срушат нашите системи на вооружување. И, второ, размислував дека компјутерот нема мозок и дека може погрешно да ги протолкува сигналите за нуклеарни ракети“, изјави Петров, кој тогаш сепак се одлучил да го почека ударот и по цена да не може да возврати.

Компјутерите покажувале дека проектилите сѐ повеќе и повеќе се приближуваат, до нуклеарниот удар останале само уште една минута и триесет секунди, десет, пет… Луѓето во центарот се подготвија за најлошото… А потоа ништо. Ниту една експлозија над Москва. Ни трага од ударот. Компјутерот и понатаму говореше дека ракетите го погодиле главниот град, но надвор, во средиштето на Москва, ништо не покажуваше на такво сценарио. Беше јасно, тревогата беше лажна.

Петров го пријави целиот инцидент, а истрагата покажа дека рускиот сателит погрешно ги прочитал податоците поради реткиот феномен на порамнување на сончевите зраци на облаците и патувањето на сателитот.

Петров наскоро потоа заминал во пензија и доживеал нервен слом. За инцидентот сѐ до деведесеттите години не се знаеше ништо, но во меѓувреме вистината излезе во јавност.

Добил награда за мир како човек што го спасил светот.

„Бев на вистинското место во вистинското време“

„Јас не сум херој. Само ја работев мојата работа. Бев на вистинското место во вистинско време“, вели Петров.

Интересно, иако ја спречил можната нуклеарна катастрофа, полковник Петров ги прекршил своите наредби и воениот протокол. Поради тоа, подоцна бил испрашуван од претпоставените, а тоа довело повеќе да не го сметаат дека е сигурен во извршувањето на своите војнички должности.

Советската војска не го казнила, но ниту го наградила ниту, пак, му оддала признание. Добил негативна оценка и неговата еднаш ветувачка воена кариера стигна до крајот. Го преместиле на помалку важна работа и набргу потоа го пензионирале.

„Мојата покојна жена цели десет години по инцидентот не знаела ништо за него. Еднаш ме праша што сум направил. Ѝ одговорив: Ништо“, изјави Петров.

Доколку ја лансирал ракетата, тоа би било крај на човештвото

Инаку, доколку Петров ги лансирал нуклеарните ракети, експертите тврдат дека тоа би било крај на човештвото. Тие што нема да ги убие ударот, би умреле за шест до осум месеци поради силната детонација која би кренала толкава радиоактивна прашина што за неколку години би го помрачило Сонцето и би предизвикала нуклеарна зима, која никој не би можел да ја преживее.

 

 

Ќе ви се допадне

4Anime dubbed anime: That Time I Got Reincarnated as a Slime (https://4anime.biz/m/DGM0) Episode 24

AnimeFreak animefreaks anime: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) (https://animefreak.ws/m/z5dr) Episode 10