Пилот преку „Гугл“ ја откри точната локација на исчезнатиот малезиски авион

By

Пилотот Данијел Бојер тврди дека преку „Гугл мап“ го открил местото на падот на малезискиот авион MH370, кој пред четири години исчезна мистериозно за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг.

dobivaj vesti na viber

Бојер верува дека открил дел од авионот во камбоџанската џунгла.

„Навистина верувам дека таму се наоѓа трупот на авионот. Ако ги погледнете боите на сликите на ‘Гугл мап’ може да се види и логото на малезиската компанија на авионот. Ова дефинитивно е некаков дел од леталото и треба да се истражи“, вели тој.

Потрагата по остатоците на MH370 трае веќе со години, а се засили кога Британецот Џон Вилсон изјави дека авионот го пронашол со помош на пребарувањето на „Гугл мап“. Тој тврди дека треба да се пребара џунглата во Камбоџа.

Авионот со 239 патници и персонал исчезна од радарот на 8 март 2014 година. Пронајдени се неколку делови за кои се смета дека припаѓаат на MH370, и тоа на различни локации, на островот Реунион во Индискиот Океан, како и во Јужна Африка и Мозамбик.

Ќе ви се допадне