Планетата има облик на дијамант

Поборниците на теоријата за тоа дека Земјата е рамна плоча одржаа конференција во Велика Британија и изнесоа необични тези од типот дека гравитацијата не постои.

На конференцијата се појавиле околу 200 учесници, а можеле да се слушнат бизарни теории од типот дека единствената реална сила во природата е електромагнетизмот, а не гравитацијата.

Поборниците на теоријата за Земјата дека е рамна плоча сега тврдат дека има облик на рамен диск, а не на сфера.

На конференцијата, за чии влезници учесниците плаќале 107 фунти, биле изнесени низа неверојатни теории од типот дека Земјата е рамна плоча.

Други тврделе дека Земјата на себе има покрив, па дури и дека има облик на дијамант.

„Земјата е во облик на дијамант и се потпира на столбови“, тврди музичарот Дарен Несбит.

Без оглед на доказите што постојано ги објавува научната јавност докажувајќи дека Земјата е сфера користејќи ги притоа сателитите и снимките од вселената, рамноземјашите сега тврдат дека тоа се лаги и заговори.

Една од најбизарните теории што можеле да се слушнат на конференцијата е таа дека луѓето живеат во некој вид на „Пак-мен свет“ (видеоигра).

Поточно, како што тврдат рамноземјашите, на крајот на светот завршуваат просторот и времето.

Италијанскиот астроном, физичар, математичар и филозоф, Галилео Галилеј, го избегнал погубувањето на 21 јуни 1963 година кога пред инквизацијата во Ватикан го прочитал негирањето на својата теорија дека Земјата не е рамна плоча, туку планета и како таква е дел од хелиоцентричниот систем. Пред него за ваквата теорија се залагал полскиот астроном, лекар и економист Никола Коперник.

Задоволни поради тоа што светот останал рамна плоча во Ватикан се откажале од идејата да го погубат Галилео, но му е наложено доживотно да се одрече од своето учење и да се врати во вилата во Фиренца, но под услов да живее во строга изолација.

Така последните осум години од животот ги минал целосно сам и се посветил на научната работа и експериментирање.

Починал на 8 јануари 1642 година.

 

Scroll to Top