ПЛАНЕТАТА ВО ПРОБЛЕМ – Растот на температурите во Сибир доведува до појава на џиновски дупки

By

Растот на температурата во Сибир доведува до појава на мистериозни кратери, со гигантски размери, а научниците велат дека тоа би можело да има поседици по целата планета.

„Вечниот лед“, во Сибир почна да се топи, што за последица има големи промени во изгледот, но и во екологијата на овој регион.

„Последен пат ледот во Сибир се стопи пред 130.000 години. Тоа е природен феномен, до кој се доаѓа поради промената во Земјината орбита“, вели професорот на Универзитетот Оксфорд доктор, Гидион Хандерсон.

„Но, вака брзо отпловува без преседан. Загревањето до кое дојде пред 130.000 години траеше во текот на неколку илјади години, а сега температурата нагло порасна за само неколку децении.

 

Во нормални околности, вечниот лед го регулира нивото на јаглен диоксид, во опкружувањето, така што зарабоува еден негов дел од атмосферата.

Но, во Сибир сега се случува спротивен процес, а поради тоа што ледот го ослободува јаглен диоксидот, тоа само дополнително го забрзува загревањето.

Но, она што експертите многу повеќе ги загрижува присуството на метанот во тлото. Од 2014 година, ширум Сибир, пронајдени се неколку огромни кратери, од кои еден имал пречник од 15 метри.

Уште ниту една хипотеза за тоа зошто настанот не е потврден, но се сомнева во нивното отворање на улогата и присуството на метан во ледот, објаснува доктор Владимир РОмановски, професор по геофизика од Универзитетот на Аљаска.

Експлозијата на тој реактивен гас веројатно отвора големи дупки, и во атмосферата ослободува големи количини на јаглен диоксид и метан.

„Нема проценка за тоа колку метан е ослободен во атмосферата, затоа што не ги знаемее како кратерите настануваат“, вели Романовски.

Луѓето кои живеат во Сибир, веќе се погодени од промената на климата.

„Луѓето од овој регион, се ослонуваат на смрзнатото тло за инфраструктурата. Кога земјата ќе се стопи, се рушат пругите, патиштата, а зградите тонат. Тоа веќе се случува“, објаснува Хендерсон.

А, ако се воспотави дека до експлозија доведува појава на кратер, тоа може да има далекусежни последици.

Руската влада и компанија, посебно фирмите кои се занимаваат со експлоатација на гас, финансираат истражвуање на овој феномен, кои би требало да ни ги дадат конечните одговори за мистериозните сибирски дупки.

 

 

 

Ќе ви се допадне