По 11 септември, „Дизни“ исфрли сцена од цртаниот филм

By
Сцената во која лошиот вонземјанин ги брка главните јунаци изгледа сосема поинаку од таа што е направена во септември 2001 година.Терористичкиот напад на 11 септември ја промени не само планетата туку и едно од најпознатите дела на „Дизни“ – цртаниот филм „Лило и Стич“.

Имено, сцената во која лошите вонземјани го бркаат главниот јунак од овој цртан изгледа сосема поинаку во септември 2001 година.

Првенствено јунаците Лило и Стич од него бегале во авион кој многу потсетува на оној што удри во кулите близначки во Њујорк.

Творците на овој цртан  во јуни 2002 година ја сменија спорната сцена за гледачите да не ги потсетува на болните случувања од претходната година.

Да потсетиме, терористите од редовите на Ал каеда на 11 септември 2001 година киднапираа четири патнички авиони и со нив изведоа самоубиствени напади на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и на Пентагон и Вашингтон. Четвртиот авион се сруши на поле во Шенксвил, Пенсилванија.

Видете како една од сцените во цртаниот филм „Лило и Стич“ требаше да изгледа:

 

Ќе ви се допадне