Претседателот на руската федерација Владимир Путин, по најавите за негова ликвидација од страна на ИСИС во Белград ќе пристигне со двајца негови двојници.
Специјалцте FSO кои делуваат во најстрога тајност, ќе бидат дел од службата која ќе се грижи за безбедноста на рускиот претседател. Оваа агенција е затворена од агенцијата FSB, наследничка на прочуената KGB.
Нејзините припадници поради тоа често ги нарекуваат духови, а во медиумите кружат различни гласини за нив, вклучувајќи ѝ дека во своите редови имаат два двојника на Путин.
Британските медиуми пишуваат дека службите во Нов Пазар, пред неколку дена уапсиле еден џихадист, припадник на Исламската држава кој планирал терористички напад над рускиот претседател за време на посетата во Србија.
Станува збор за лицето Армин Алибашиќ (21), кој е осомничен дека е терорист на Исламската држава. Тој е уапсен во Нов Пазар на 14 јануари. Кај него било пронајдено оружје и експлозив, пишува британски „Сан“.
Британските медиуми повикувајќи се на извештајот на Безбедносно информативната агенција (BIA), истакнуваат дека Алибашиќ се подготвувал да го изведе терористичкиот напад за време на посетата на Путин во Белград.
„Путин наводно бил мета на терористите поради војната која Русија ја води против ИСИС“, вели извор од BIA.
„Нашите сили заедно со руските колеги се добро подготвени и ја држат ситуацијата под контрола, а претседателот на Руската Федерација ќе биде целосно безбеден“, вели изворот.
Алибашиќ го запрела полициска патрола во селото Поток, недалеку од Нов Пазар.
„Вниманието на полицијата беше привлечено од страна на ранецот кој момчето го имаше на себе. Во него била пронајдена пушка со оптички нишан“, вели изворот.
Неговиот стан го претресле полицајците и службите за безбедност, а во него биле откриени арсенал на оружје и сите потребни компоненти за правење на експлозивни направи, како и симболите на Исламската држава.
Момчето од Нов Пазар е приведено во раните утрински часови на 14 јануари и му е одредено полициско задржување од 48 часа, по што ќе биде приведено во надлежното обвинителство.
Постојат сомнежи дека не делувал сам. Во прилог на тоа оди и веста дека припадниците на МУП, Полициската управа на Нови Пазар, во соработка со BIA, се уапсени две лица осомничени дека припаѓаат на терористичка организација, пишува indeksonline.rs.
Безбедносните подготовки за посетата на Путин започнале уште во вторникот, а полицијата издала соопштение со порака до сите околни станари каде ќе биде сместен Путин, да ги спуштат ролетните.
Службите во Белград на Путин ќе му дадат на располагање два блиндирани автомобили. Рускиот претседател ќе биде во придружба со уште 30 најблиски безбедносни специјалци од Федералната служба за обезебдување, а за неговата безбедност во Белград ќе се грижат речиси 6000 полицајци и специјалци.
Путин во Белград ќе стигне со флота од четири идентични авиони и никој до последен момент нема да знае во кој од тие авиони се наоѓа рускиот претседател.
Авионот на Путин IL-96-300Pu чини 500 милиони долари, а е опремен со напредна технологија која оваа летечка палата, како што ја опишуваат медиумите, ја прави команден центар во случај на неочекуван напад.
Надворешниот изглед изгледа како стандарден патнички авион, иако според димензиите е нешто поголем. Внатре рускиот претседателски авион е опремен како луксузен хотел.
#ANCNEC #SONA2018
4-engined Ilyushin Il-96-300PU Pres jet, Reg RA-96022, call AirForce 1 made U-turn into Russia airspace. #NuclearDeal pic.twitter.com/BRCV0PJRCk— Motho Mothong💭 (@maxwellmothlake) February 6, 2018