Под водство на Бајден ќе има уште бомбардирања како во Југославија и Либија, смета американски аналитичар

Под водство на Бајден ќе има уште бомбардирања како во Југославија и Либија, смета американскиот аналитичар Џорџ Самуели од Институтот за глобална политика во Лондон.

Американската надворешна политика, под палките на Ентони Блинкен и Џејк Саливен, кои Џо Бајден ги одбра за позициите државен секретар и советник за национална безбедност, значат глобални интервенции и операции за промена на режимите.

Самуел вели дека следува период на промена на многу режими, во стилот како што се случуваше во периодот на владеење на Бил Клинтон и Барак Обама.

Блинкен имал истакната надворешно политичка улога во администрацијата на поранешните претседатели на САД, Бил Клинтон и Барак Обама, додека Саливен бил дел од администрацијата на Обама.

Медиумите зад кои стојат демократите, се возбудени со изборот на Џо Бајден. Со ваквиот избор, наводно се сигнализира обновување на интернационализмот и глобалното партнерство, како водечки принципи на американската надворешна политика, наведува Самуели.

Блинкен, кој според зборовите на „Њујорк тајмс“, е бранител на глобалните сојузи, ќе помогне во смирувањето на американските дипломати и глобалните лидери, по четиригодишната стратегија на рикошетирање на администрацијата на Доналд Трамп и нејзиното националистичко фалење.

За „Вашингтон пост“, именувањето на Блинкен, е исполнување на барањето на Бајден, за повторно да се состанат глобалните сојузи и да се доведе САД на истакнатата положба на светската сцена.

„Гардијан“ објави дека се именувани посветени интернационалисти, за разлика од ерата на Трамп, која водела поразителни договори, како и дека имала лоши односи со традиционалните сојузнци.

Под паролата на Трамп „Прво Америка“, Бајден во својата кампања објасни дека тоа само значи дека САД остануваат сами.

„Експертите за надворешна политика се вратија и сојузниците на Америка можат да бидат сигурни дека САД повторно кон нив ќе се однесува со почит. Но, тоа е само заблуда. Блинкен има кариера на американски интервенционист, исто како и Саливен. Мислењето и политиките на другите земји, ќе вреди да се разгледаат само ако се совпаднат со креаторите на политиката на САД, смета Самуели. Ако не се совпаднат, тогаш може да бидат отфрлени“, смета Самуели.

Случајот со Србија во деведесетите години е вистински пример за тоа што не очекува под водство на Џо Бајден.

Оваа аксиома никогаш не била поискрено илустрирана отколку за време на долготрајната војна на администрацијата на Клинтон против Србите во 90-тите години, смета Самуел.

Администрацијата на Клинтон, во која Блинкен бил важен член, овозможи доаѓање на меѓународните џихадистички терористи, вклучувајќи го еден на Осама бин Ладен во Босна. Никој од наводно блиските сојузници на Вашингтон, не е запрашан што мисли за оваа политика на воведување на исламски тероризам во Европа.

Ричард Холбрук, поранешен помошник на државниот секретар за европски и канадски прашања, во администрацијата на Клинтон, дополнително се пофали со ефикасноста на оваа политика.

По тоа, администрацијата на Клинтон помогна во вооружувањето и обука на таканаречената Ослободителна војска на Косово. Таа се надеваше дека терористичката кампања на ОВК во Југославија, ќе ја примора власта во Белград на избрзани потези. Очекуваната хуманитарна катастрофа, тогаш би можела да се искористи за започнување на бомбардирањето на НАТО на Југославија.

Кога Белград не ја прифати мамката, администрацијата на Клинтон, во која Блинкен во тоа време бил специјален помошник на претседателот Клинтон и висок директор за европски работи во Советот за национална безбедност, морала да измисли изговор за бомбардирање.

Тоа било одбивање на југословенската влада да потпише косовски мировен договор во Рамбује. Југословенската влада добила ултиматм, или да го прифати американскиот нацрт или да се соочи со НАТО. Во овој пакет влегол и злогласниот Анекс Б, којна НАТО му давал неограничени права да се движи каде сака по целата територија на Југославија и да ужива целосен имунитет, пренесува „Раша тудеј“.

Администрацијата на Клинтон ја измамила американската јавност, криејќи ги деталите од Анекс Б, како и ултиматумот што го поставила во Рамбује. Подоцна, кога бомбардирањето на НАТО предизвикало целосен предвидлив проток на бегалци од Косово, администрацијата на Клинтон тврдела дека НАТО започнал воена акција, како одговор на обидите на Србите да го протераат албанското население од Косово. Ваквото тврдење немало смисла. Бранот бегалци од Косово се случи дури по почетокот на бомбардирањето на НАТО.

Блинкен имал интегрална улога во организирањето на НАТО бомбардирањата. Изгледа дека не му сметало тоа што администрацијата на Клинтон одбила да бара одобрение од Советот за безбедност на Обединетите Нации, за употреба на сила против Југославија.

Истиот случај бил и во Либија, смета Самуели. Игнорирањето на меѓународните институции од страна на Блинкен, е силно докажано и за време на бомбардирањето на Либија од страна на администрацијата на Обама во 2011 година.

Блинкен, кој бил советник за национална безбедност на Бајден во тоа време, бил страствен поборник за бомбардирањето. Но, сепак имал проблем. Наводно, бомбардирањето започнало за да се спасат жителите на Бенгази.

Тие наводно биле во опасност поради силите на претседателот Моамер Гадафи. Со резолуцијата од 1973 година, САД и НАТО ја искористија можноста да го оправдаат нападот.

Тие само им наложиле на земјите членки на ООН дека ќе ги преземат сите неопходни мерки, за да ги заштитат цивилите и областите населени со цивили од заканите за напад.

Но, не било кажано дека таквите мерки вклучуваат и бомбардирања. Со резолуцијата САД и НАТО го искористиле бомбардирањето за да го соборат Гадафи.

Сепак и долго потоа, откако исчезнала секаква можност за закана за луѓето во Бенгази, бомбардирањето продолжило сè до бруталното погубување на Гадафи, воено злосторство во кое активно учествуваше НАТО, смета Самуели.

Веднаш откако Гадафи бил исфлрен од игра и Либија била фрлена во хаос, администрацијата на Обама своето внимание го пренасочила кон Сирија, барајќи начин како таму да ја сруши легално избраната влада.

Алатките кои ги применила им биле добро познати. ЦИА била овластена да соработува со арапските известувачки служби во вооружувањето и обуката на бунтовниците кои сакале да го совладаат претседателот Башар ал Асад.

Непотребно е да се каже дека оружјето веднаш стигнало во рацете на најлошите и најфантастични џихадисти. Се чинело дека Сирија е на работ да падне под влијанието на Исламската држава. Чудно, но единствено за што жали Блинкен е акцијата во Сирија и тоа што администрацијата на Обама не направила повеќе за да ја обезбеди соработката со Асад.

Во интервјуто кое го дал претходно оваа година. Блинкен јасно изјавил дека промената на режимот во Сирија и понатаму е дневен ред.

Кога е во прашање Русија, сè е видено и познато. Се знае што може да се очекува. Блинкен ги повторува сите познати фрази на Демократската партија. Русија е вмешана во изборите во 2016 година, претседателот Доналд Трамп е воодушевен од рускиот претседател Владимир Путин, Русија ги уценувала главните на американските војници во Авганистан, Русија ја нападнала Украина и друго.

Блинкен се залагал за испраќање на смртоносно оружје во Украина. Претседателот Бајден сега би можел да се соочи со господинот Путин поради таквите негови агресии. Сигурно нема да го дочека со прегратка“, изјавил Блинкен.

Надворешната политика која ќе ја води Блинкен, несомнено ќе значи употреба на познатото оружје за промена на режимите во американскиот арсенал. Бомби, крстаречки ракети, испорака на оружје на џихадистите и неонацистичките групи за водење на посредни војни, економски санкции, проекти за лажно цивилно општество, наведува Самуели.

Улогата на меѓународните организаици за кои Блинкен се фали, ќе биде само ставање на потписот на американските проекти.

„Сојузниците кои сега навиваат за враќање на професионалците, може наскоро ќе имаат причина за жалење, поради нивниот ентузијазам, додека бегалските бранови од Блискиот исток ќе се вратат на ниво од 2015 година, како одговор на политиката на администрацијата на Бајден за повторно започнување на војна, за промена на режимот во Сирија.

Доколку конфликтот со Русија ескалира околу Украина или Балтикот, или Кавказ, овие сојузници може да станат моментално носталгични на ерата на Трамп, кога Америка воглавно се занимавала со сопствените национални интереси, заклучува Џорџ Самуели во неговиот авторски текст за „Раша тудеј“.

Scroll to Top