Полицијата во Канада убила едногодишно дете кое било киднапирано од неговиот татко

By

Полицијата во Канада ненамерно убила едногодишно дете, откако истото претходно било киднапирано од страна на неговиот татко, пренесуваат светските медиуми.

Во инцидентот кој настанал, полицијата отворила оган врз еден камион, за кој се смета дека го возел осомничениот и смртно го ранила едногодишното дете.

Во пукотниците, потешко бил ранет и киднаперот. Од полицијата велат дека засега не е потврдено дали момчето настрадало од некој од куршумите кои ги испалиле полицајците.

„Прерано е да знаеме која е причината поради која полицајците почнале да пукаат во возилото и што точно се случило потоа“, изјавила портпаролката на полицијата, Моника Худон, а пренесува „Гардијан“.

Службите истакнаа дека во четвртокот утрото, тие испратиле свои луѓе во општината Каварта Лејкс во Онтарио, откако претходно примиле дојава за можно семејно насилство и сомнеж дека маж го киднапирал своето дете.

Еден од локалните жители, Том Децицио, за „Глобал њуз“ изјавил дека една жена, со нејзиниот син и терапевт, му тропнале на вратата, барајќи место да се засолнат.

„Некои луѓе дојдоа во мојата куќа и побараа засолниште. Ми зборуваа за тоа дека таткото побегнал со нејзиниот син“, изјавил Том.

Полицијата брзо го лоцирала возилото на киднаперот. Откако се обиделе да го запрат, дошло до судар меѓу полициски автомобил, камион и уште едно возило. За време на инцидентот, камионот удрил и повредил полицаец кој стоел во близина на полициското возило.

Во тој момент, според наводите на агенцијата SIU, која ја спроведува истрагата, тројца од полицајците почнале да пукаат во возилото. Едногодишното дете за време на пукотниците, седело на задното седиште во камионот.

„Во камионот се наоѓало едногодишно момче. Тоа било рането за време на инцидентот и е прогласено за мртво на местото на настанот“, велат од агенцијата.

Полициските службеници го застрелале и 33 годишниот киднапер, татко на детето, кој бил префрлен во болницата и бил во тешка состојба. Полицаецот кој удрил во камионот, се опоравува во болница во Торонто.

На случајот работат седум истражители, вклучително и двајца форензичари и еден експерт за сообраќајни несреќни, велат од SIU.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Watch Monkey Punch: Manga Katsudou Daishashin - Crime Mate Special Episode Full

Nodame Cantabile Episode 23

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animepahe.cc: Watch Liz and the Blue Bird (Dub) animepahe Episode Full watch anime dub

Pozible: https://www.pozible.com/profile/gogoanimebe

Huntingnet: https://www.huntingnet.com/forum/members/animefreakws.html