Поранешната жена на владетелот на Дубаи платила 1,6 милион долари за да ја забошоти аферата со телохранителот

Поранешната жена на владетелот на Дубаи, платила 1,6 милиони долари, за да ја заташка аферата со телохранителот, пренесуваат светските медиуми.

Принцезата Хаја бон ал Хусеин, поранешната сопруга на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактума од Дубаи, платила за да ја сокрие аферата која ја имала со британскиот телохранител.

Аферата на Хаја наводно траела две години, со телохранителот кој бил во брак. Сè било откриено по пресдудата на судот во Лондон за старателтвото на децата на Хаја. Во пресудата е наведено дека таа го изнверила сопругот, со еден од нејзините телохранители.

Во судската пресуда не е наведен идентитетот на мажот, но според некои од медиумите, станува збор за 37 годишниот Расел Флаверс. Принцезата му купувала луксузни подароци, меѓу кои и часовник од 16.000 долари и ловечка пушка вредна 66.000 долари.

Наводно, принцезата му платила и 1,6 милиони долари, за да ја држи подалеку од сопругот Мухамед ал Мактума, потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати.

Хаја, исто така на колегите на телохранителот, им платила 1,6 милиони долари, за да не ја откријат аферата, која ја започнале во 2016 година.

Но, измамата била брзо откриена, откако 46 годишната принцеза, ќерка на починатиот јордански крал, била приморана да ги напушти Дубаи, со своите две деца.

Во пресудата, нагласено е дека шеикот, обидувајќи се да стекне старателство над децата, направил кампања со заплашувања против сопругата и дека ја исмејувал поради аферата.

Еден од пријателите на телохранителот, порачал дека поради ваквата афера, уништени се животите на голем број луѓе. Флаверс и неговата сопруга не сакале да зборуваат за тоа, а тоа не смеат да го направат ни неговите колеги, кои добиле пари за случајот се заташка.

Принцезата се омажила за шеикот во 2004 година и со тоа станала неговата шеста сопруга, а се разведоа минатата година. Во моментов таа живее со децата во куќа вредна 113 милиони долари, сместена во една од најексклузивните лондонски квартови Кенсингтон, пренесуваат британските медиуми.

Scroll to Top