Пред точно педесет години двајца астронаути слетаа на Месечината, кој ги сликал?

By

Денеска светот ја одбележува педесетгодишнината од најголемото достигнување на чоекот, слетување на Аполо 11 на Месечината. На 20 јули 1969 година, во 22:56 часот по источно време, 600 милиони луѓе ширум светот на телевизија го гледаа неверојатниот подвиг на Нил Армстронг како чекори по Месечината.

dobivaj vesti na viber

Во тие моменти Армстронг ја изговара прочуената реченица „ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Слетувањето на Месечината е едно од најважните одбележја на човековата цивилизација, а неговото значење и до денес се истакнува. Но, се чини дека ниту еден друг настан не предизвикал толкава контроверзност и теории на заговор, а 50 години тој често се итстакнува како една од најголемите светски измами.

На Месечината слетале двајца астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин, а бројни фотографии тоа го потврдуваат. Но, скептиците се прашуваат кој ја направил таа фотограија, ако само тие двајца биле на Месечината.

Таа фотографија предизвикала голем број на контроверзии затоа што очигледно снимател немало со нив. Сè е снимено со камерите кои биле во одделата на астронаутите, како и на самото летало кое слетало на Месечината.

Иако овој настан и понатаму е популарен како во научниот свет, така и во поп културата, неколку интересни факти за мисијата и понатаму остануваат релативно непознати.

1. Армстронг со себе понел парче дрво.

Првиот забележан лет го извеле браќата Рајт во 1903 година, 66 години пред првото слетување на месечината. Поради тоа Армстронг мислел дека треба со себе да понесе парче дрва од пионерскиот авион, како и парче ткаенина за да го симболизира големиот напредок во авијацијата.

2. Испратени се 3 астронаути

Повеќето луѓе мислат дека во мисијата Аполо 11 имало само два астронаути. Нил Армстронг и Баз Олдрин, од кои првиот е далеку попознат. Иако е точно дека модулот кој слетал на Месечината носел само два астронаути, на мисијата имало три, откако тргнале од вселенскиот центар Кенеди на Флорида на 16 јули 1969 година.

Кога леталото стигнало на Месечината, еден модил останал во орбитата околу Месечината, а в него бил третиот астронаут Мајкл Колинс. Иако Колинс не ја почувствувал славата на спуштање на Месечианта, оваа мисија не би била успешна без него.

3. Никсон имал подготвен говор во случај на катастрофа

Во моментите на лансирање, успехот на мисијата не бил толку загарантиран. Претседателот Ричард Никсон имал подготвен говор во случај на катастрофа.

4. На површината астронаутите останале речиси цел ден.

Периодот поминат надвор од вселенсото летало (надвор од границата на Земјината атмосфера) е познат како EVA (extra-vehicular activity), што во превод би значело активност надвор од вселенскиот брод. Поради големиот број експерименти кои астронаутите ги спроведуваат на Месечината, вкупното EVA траело 21 час и 36 минути.

5. По враќањето на Земјата, астронаутите биле во карантин

По слетувањето на Земјата, тројцата астронаути веднаш биле однесени во карантин, каде минале 21 ден. Причината за оваа чудна акција било спречување на контаминација на какви микроорганизми кои ги донел екипажот од Месечината, затоа што се вратиле од неистражена територија.

6. На површината на Месечината оставиле фотографии и други „сувенири“

Астронаутите на Месечината оставиле неколку предмети, вклучувајќи фотографи од луѓе и аудиоснимки на неколку различни јазици кои го претставуваат глобалното значење на мисијата. Покрај тоа, оставиле и медалјони со имиња на тројцата астронаути кои загинале во Аполо 1, за време на лансирањето, како и имињата на два космонаути кои настрадале во слична несреќа.

7. Во моментите на слетување имале гориво за уште 25 секунди

Пред почетокот на мисијата, постоела јасна локација на слетувањето. Но, кога леталото почнало да слетува, забележано е дека локацијата била исполнета со карпи и знаеле дека слетувањето ќе биде опасно. Поради тоа Армстронг почнал рачно да управува со сондата, која вклучувала скокање преку опасниот предел. Оваа одлука значеа и поголема потрошувачка на гориво. Постоела и одредена граница на потрошувачката на гориво, по што леталото почува автоматски да го прекине слетувањето. Слетале 25 секунди пред да стигнат до таа точка.

8. ТВ преносот го следеле 600 милиони луѓе

Денови пред почетокот на мисијата, медиумите пишувале за овој настан, кој ги заинтригирал голем број луѓе низ светот. Слетувањето го гледале 600 милиони луѓе, што претставувало рекорд во тоа време.

9. Биле испратени 3 астронаути

Повеќето луѓе мислеле дека во мисијата Аполо 11 имало само два астронаути. Нил Армстронг и Баз Олдрин, од кои првиот е далеку попознат. Иако е точно дека моделот со кој слетале на Месечината носел два астронаути, во мисијата имало три, кога го напуштиле вселенскиот центар Кенеди на Флорида на 16 јули 1969 година.

Кога леталото стигнало на Месечината, еден модул останал во орбитата околу Месечината за во него бил третиот астронаут Мајкл Колинс. Иако Колинс не ја почувствувал славата на спуштање на Месечината, оваа мисија не би била успешна без него.

10. Каде се ѕвездите?

Едно од тврдењата кое го изнесуваат теоретичарите на загвор е дека на површината на Месечината немало ѕвезди. Тоа е поради тоа што Месечината е многу осветлена, рефлектирајќи многу од Сончевата светлина. На фотографиите на слетувањето на Месечината, Аполо 11 нема ѕвезди, затоа што камерата не можела да ги сними.

11. Студиски светла

Многу сметаат дека сè е направено и снимено во студио.

„Ајде да се вратиме еден чекор назад. НАСА ќе пушти фотографии на кои се гледаат студиски светла? Чудните светла на фотографиите се едноставно објективите на ракетата“, изјавил Роџер Лаунис од националниот музеј на авијацијата.

Ќе ви се допадне