Проговори ќерката на шпионот Скрипал

Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал, која беше отруена во Салсбери со нервен гас, е во стабилна состојба, пренесуваат медиумите.

Како што се наведува, таа е во состојба да јаде и пие и може да зборува.

Од друга страна, Сергеј Скрипал и понатаму се наоѓа во критична состојба и е на интензивна нега.

Говорејќи за ризиците, персоналот од болницата, кој е во постојан контакт со нив, им пренел на медиумите дека тие се минимални.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија се отруени на 4 март во Салсбери, а британските власти, како и голем број држави од ЕУ, САД и Канада, по тој повод ја обвинија Москва.

Во врска со тоа, голем број  земји одлучиле да ги протераат руските дипломати, додека Русија ваквиот чин го карактеризирала како непријателски.

 

Scroll to Top