(прв дел) Пророштва од кои ќе ви се заледи крвта, а кои никогаш не биле објавени

By

Нострадамус, Тарабичи, Баба Ванѓа. Тоа се автори на најпознатите пророштва што добија свој комерцијален успех.

dobivaj vesti na viber

Постојат над илјада други познати предвидувања за кои досега не сте слушнале.

Меѓу нив помалку познати се и овие четири за кои треба да знаете, особено поради предвидувањата на опасноста и можните катастрофи во иднина.

Пророштвото на Хилдегард од Бинген

Родена е во 1098 година, а својот живот го посветила на Господ. Абес Хилдегард била следбеник на бенедиктанскиот манастир. Таа пишувала и се занимавала со филозофија и теолошки расправи. Во слободно време имала визии за иднината, кои почнале да ѝ се појавуваат уште додека била дете.

Хилдегард го објавила своето животно дело со име „Скривијас“, во кој се наоѓаат нејзините 26 пророштва и визии. Таму пишува дека не нѐ чекаат добри денови. Пред крајот на светот, како што знаете, големото царство, кое се наоѓа преку океаните и каде што има многу народ и племиња, ќе настрада кога ќе се појави кометата. Многу веројатно е дека тоа е Америка.

Исто така, постојат многу земји кои ќе бидат погодени од земјотреси, бури и поплави. Колониите ќе бидат преземени од тигарот и змејот, како што денеска ги нарекуваат далекоисточните земји. Многу народи ќе гладуваат.

Мирот во Европа ќе се врати кога Франција повторно ќе стане кралство.

Третата тајна на Богородица од Фатиме

Приказната почнува во 1917 година кога во Португалија две девојчиња и едно момче ја виделе Девицата Марија лично. Таа ги посетила неколку пати и им пренела три тајни за блиските настани што ќе ѝ се случат на нашата цивилизација.

Две тајни се објавени во документ што во 1941 година го објавила едно од девојчињата. Само папата ги има клучевите од документите во кои се наоѓаат записите од третата тајна на Богородицата од Фатиме.

Првите две тајни се однесуваат на пеколот и на Првата и Втората светска војна. Ватикан третата тајна ја објавил по 83 години за конечно во 2000 година на јавноста да ѝ се претстават текст и толкување дека тој се однесува на обидот за убиство на папата Иван Павле Втори и прогонот на христијаните во некои делови од светот. И, наводно, тоа е сѐ.

Всушност, многумина сметаат дека последниот лист од пророштвото останал скриен, односно дека текстот што бил претставен во јавноста во 2000 година не е баш комплетен. А има и докази за тоа.

Кардиналите во неколку наврати истакнаа дека третата тајна е напишана на еден лист, а не на четири, кои веќе се објавени.

Во третата тајна требало да се наоѓаат информациите за апокалипсата, сатаната и за црквата. Тоа го нема во објавениот текст.

Продолжува

 

Ќе ви се допадне