Промените на рускиот устав, вклучувајќи го и амандманот со кој претседателот Владимир Путин има можност да владее со земјата се до 2036 година, стапија на сила во сабота.
Руските избирачи со големо мнозинство ги поддржа уставните промени, усвоени по гласањето кое заврши во средата. Речиси 78% од гласачите на референдум ги поддржаа измените на уставот.
Промените му оневозможуваат на противникот на рускиот претседател, Алексеј Навлни, да се кандидира за најголемата политичка функција во следните 15 години, затоа што секој претседателски кандидат мора да живее во Русија, најмалку 25 години.
Кремљ ваквиот резултат го оцени како триумф, додека критичарите на референдумот сметаат дека е нелегален и нелегитимен. Независната набљудувачка група оценила дека гласањето го одбележале голем број нерегуларности.
Организацијата за европска безбедност и соработка не била набљудувач на референдумот, како што е вообичаено со руските избори.
Европската унија побарала од Русија да ги испита наводите за неправилностите при гласањето, особено обвинувањата за повеќекратно гласање.
Освен што промените во уставот, на Путин му овозможуваат уште два мандати, до 2036 година, ако се кандидира и победи на изборите, сите поранешни руски победници добиваат имунитет од судскиот прогон.
Исто така, според новиот устав, бракот ќе биде дефиниран како заедница на маж и жена. Во уставот свое место добил и рускиот јазик, а се споменува и вербата на Русите во Господ. Сепак земјата ќе остане секуларна држава.
Се забранува давање на руски територии на други земји, нешто што аналитичарите го поврзуваат со анексијата на Крим.