Разоткриен план на Евреите кои сакале да убијат 6 милиони Германци преку труење на водата

Во пронајдените звучни записи се откриени детали од планот на израелските одмаздници, кои сакале да убијат шест милиони Германци со труење на водата во водоводот во неколку германски градови за да се одмаздат за холокаустот.

Според низата потресни видео и аудиозаписи пронајдени во музеј во Израел, откриени од страна на еден британски тим, група израелски партизани формирале тим по Втората светска војна со задача да убијат милиони германски граѓани, пишува „Дејли мејл“.

Снимките досега никогаш не го виделе светлото на денот, а сега може да се видат во новиот документарен филм со име Holocaust: Тhe Revenge Plot, кој премиерно ќе биде прикажан на 27 јануари.

Снимката е направена во 1985 година кога нивниот преживеан лидер Вилниус Гето и израелскиот писател Аба Ковнер почнале од рак, а пред самата смрт Ковнер дал детален приказ за настанот и плановите на групата од 1946 година.

Во снимките е опишано како одмаздниците, предводени од Ковнер и Паша Реихман, ги финансирале своите активности со пари од по 5 фунти, кои ги произведувале Евреите во концентрационите логори и ги разменувале на црниот пазар.

Тие тврдат дека подоцна израелските претставници Чаим Веизман и Ефрајим Катзир имале значителна улога во помагањето на одмаздниците да дојдат до отровот што им бил потребен за нивниот план.

Тие опишуваат како одмаздниците се инфилтрирале во градскиот водовод во четири германски града – Хамбург, Нирнберг, Франкфурт и Минхен. Таму планирале да ги затрујат резервите на вода. Но, планот е откриен кога Ковнер бил фатен на море.

Имале и втор обид за масовно убиство, имале цел да го отрујат лебот наменет за 50.000 германски офицери. Планот се одвивал во затворите каде што биле сместени воени комунистички заробеници од СССР, во Нирнберг и во Минхен. Бил делумно успешен, а се очекувало дека ќе има 2.000 жртви.

Г. Меркадо за MailOnline изјавил: „Приказната за снимките почнала пред неколку години со внукот на Ковнер, Нимрод. Тој се преселил во дел од една стара куќа, а кутиите со снимките биле транспортирани во музеј.

Новиот документарен филм, кој ќе се емитува на Channel 4, Holocaust: The Revenge Plot, ќе биде прикажан на 27 јануари, а во него ќе може да се видат и шесте преостанати еврејски одмаздници вклучувајќи ги и преживеаните од „Аушвиц“, Јехуда Маимон, Симча Ротем, последните Евреи од состанокот во варшавското гето, заедно со Хаиса Варшавски, трауматизираната жена, која поради страшните моменти што ги доживеала во животот никогаш не се појавила во јавноста.

Документарецот исто така му влегол во трага на синот на Ковнер, Михаел, и децата на одмаздниците, Ави и Леопид Васиман, кој бил познат како Полдек, кој сега има 93 години, а кој бил одговорен за финансирање на планот.

Тој осмислил генијален, но и ироничен план. Купувале банкноти од по 5 фунти, кои биле печатени во концентрационите логори во Германија и ги продавале на италијанскиот црн пазар.

„Со разликата што ја добивавме меѓу купувањето и продажбата ги плаќавме нашите животни трошоци“, открива тој.

Извршниот копродуцент на документарниот филм, Динах Лорд, изјавил: „Ова е неверојатна приказна која многу малку луѓе ја знаат, има изјави од перспектива на последните преживеани кои биле вклучени во планот и кои се темелат на опсежно истражување и нови докази“.

Scroll to Top