Русите и Американците завојуваа околу Меѓународната вселенска станица

By

И покрај заканите дека Русија прдвреме ќе се повлече од Меѓународната вселенска станица, шефот на руската вселенска агенција, сега го промени мислеењто и рече дека ќе останат да им бидат партнери на НАСА, додека станицата не се затвори.

„Ова е семејство каде разводот внатре во станицата не е возможен“, рече Дмитри Рогозин, директорот на „Роскосмос“.

Разводот делувал како можен исход во јуни, кога Рогозин се закани дека ќе се повлече од МСС, ако САД не ги укине санкциите на рускиот вселенски сектор.

И самиот Рогозин е на мета на американските санкции затоа што беше заменик министер за одбрана за време на анексијата на Крим од Украина во 2014 година.

„Или заедно ќе соработуваме и сакнциите ќе бидат укинати или нема да работиме, а Русија ќе отвори сопствена вселенска станица“, рече Рогозин за агенцијата на „Тас“ во јуни.

Сега тој се демантирал дека рекол такво нешто, во долниот дом на рускиот парламент.

„Мислам дека станува збор за проблем во преводот. Јас сум сигурен дека не сум рекол такво нешто. Говорев за тоа како можеме да го продолжиме нашето пријателство, нашите другарски односи со американските партнери, додека американската влада воведува санкции против истата организација која ја снабдува Меѓународната вселенска станица“, рече тој.

Односите на двете вселенски суперсили се тесираат и на полето на политиката, но и во орбитата. Во јули, рускиот модул Наука, случајно ја забрза, па за кратко вселенската станица беше надвор од контрола. Во неа имаше тројца астронаути на НАСА, двајца руски космонаути, еден јапонски и еден астронаут на Европската вселенска агенција.

Рогозин призна дека човечкиот фактор бил проблем. „Опремата не се расипува сама од себе. За 21 година, никогаш не ми се случило такво нешто“, рече тој.

Инцидентот ги довел во опасност способноста и ефикасноста на Роскосмос како најважен партнер на НАТО на Меѓународната вселенска станица.

Сега, рускиот модул тежок 23 тони, во кој се наоѓа руската вселенска лабораторија, работи без проблем, и според Рогозин, е гаранција за техничката способност и капацитет на Русија.

САД и Русија се вселенски партнери од тестот на проектот Аполо-Сојуз од 1975 година, кога на американското вселенско летало Аполо се приврза советската капсула Сојуз. Тоа беше сигнал за крајот на првата вселенска трка.

„Мислам дека соработката со Русија, која посои од 1975 година продолжува“, рече администраторот на НАСА, Бил Нилсон.

САД се обидува да го прошири ова партнерство во вселената и на Месечината, со новата програма на НАСА, Артемида, но, Русија досега не покажала желба за да се вклучи.

„За да се случи тоа, бараме соодветни услови од НАСА. Не сакаме да бидеме асистенти или слуги. Главниот услов се еднаквите права кога се зборува за одредени прашања и заеднички одлуки. Тоа го имаме на Меѓународната вселенска станица“, рече Нилсон.

Рогозин рече дека Русија сака да го сочува своео партнерство  со САД.

„Ние ги почитуваме нашите партнери во САД. Ние сме пријатели“, рече Рогозин.

Русија во јуни објави дека планира да изгради база на Месечината со најновата светска вселенска суперсила Кина. Таа најава предизвика бурни реакции во Вашингтон и се доживеа како јасен сигнал дека Москва не сака да соработува со САД.

„Русија испратила јасен сигнал здружувајќи се со Кина во истражувањето на Месечината, наместо да продолжи со историското партнерство со САД“, рече членот на подкомитетот за наука на американскиот Конгрес, републиканецот Џери Моран.

„Драго ни е што не гледате како невеста која се обидува да го изневери својот младоженец и го избере другиот, но, работите не се така како што изгледаат“, рече Моран.

Рогозин појаснил дека Роскосмос сака соработка и со САД и со Кина.

„Ако не можеме да работиме со САД, тогаш природно ни е потребен друг партнер. Не е наша вина што не можеме да соработуваме со САД, иако тоа може да се промени со подлба на одговорноста“, дополнил Рогозин.

„Топката е на теренот на НАСА и во американски раце“, заклучил Рогозин.

 

Ќе ви се допадне

Animepahe: Hell Girl: Three Vessels anime episode 26 online free at https://animepahe.cc free anime

Sword Art Online: Alicization - War of Underworld Part 2 (Dub) Episode 11

Website https://animekisa.in: Watch Urusei Yatsura Movie 5: Kanketsu-hen (Dub) animekisa Episode Full anime websites

Girls' Frontline (https://twistmoe.net/m/MYWn) Episode 24

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/359867

Getpocket: https://getpocket.com/@gogoanimebe