Русите тврдат дека во Украина постои таен град кој крие голема тајна и кој би можел да биде клучот за победа во војната. Азовстал е фабрика изградена уште од советско време. Под неа се наоѓал подземниот град, а некои од објектите се проектирани да издржат и нуклеарен напад.
Челичницата стана жариште на жестоките борби за контрола над Мариупол. Украинската војска претходно предупреди дека руските сили планираат да го бомбардираат клучниот јужен крајбрежен град Мариупол и дека планираат офанзива во близина на челичницата.
Железата Азовстал е една од клучните оперативни бази кои останаа во која се засолнети неколку од илјадниците украински војници кои останаа во опколениот град. Точниот број на војници засега е непознати поради недостаток на точни информации.
Русите тврдат дека под фабриката постои подземен град, а некои од објектите се проектирани за да издржат и нуклеарен напад.
„Азовстал е огромна градба, огромна фабрика од советското време. Нејзината површина може да се мери со уште еден град, уште еден Мариупол, со сите комуникации, патишта и подземје. Објектот е изграден во советско време и уште тогаш се мислело на можноста да биде бомбардиран, блокран, а некои од зградите се проектирани да издржат и нуклеарен удар“, рече Јан Гагин, советник шеф на DNR.
Тој истакна дека Азовстал наводно го бранат илјадници луѓе со полн арсенал оружје и со големи количини на муниција. На територијата на фабриката имаат и прилично сериозен возен парк со борбена техника.
„Операцијата на прв поглед тече прилично бавно, но, од друга страна, треба да се свати дека не можеме да ризикуваме убиства на војници. На оваа територија постојано се водат артилериски двобои. Во секој случај непријателот ќе биде поразен“, вели Гагин.
Борбите во тој дел на градот не престануваат ни за минува. Во секој момент се слушаат експлозии на мини, пукање од автомати и митралези, а меѓу куќите ечи тешка воена техника.
Азовстал е најголемиот индустриски центар во регионот. Тој претставува град во град. Фабриката се наоѓа во јужниот дел на Мариупол, на брегот покрај Азовското море и реката Калмиус. Гледано од птичја перспектива, се работи за огромен лавиринт со површина од 11 квадратни километри. Во Советско време тука биле изградени 41 фабрики и 80 големи сали.
Во фабриките работеле најмалку 10.000 луѓе. Тие топеле челик се занимавале со леење на железо, правеле шини и уште многу други слични работи. Во Украина ова претпријатие било монопол, кога станува збор за голем број на топени метали.
На пример, во 2020 година биле лиени над четири милиони тони челик. Оваа фабрика има шест ката под земјата. Таа е изградена за да трае со векови. Бетонските ѕидови, широката мрежа на премини и технолошки тунели, бројните високи структури се идеални за позиции за набљудување и снајперисти.
Погоните се опремени за да можат да издржат долго време и сите приоди кон нив се густо минирани. Артилеријата на „Азов“ и вооружените сили на Украина главно се состојат од минофрлачи, кои се распоредени блиску до брегот и заштитени се со масивни фабрички постројки.
Под комбинатот се наоѓаат магацини и безбедни скривници кои се направени длабоко под земјата и се состојат од шест катови. Аналитичарите сметаат дека Мариупол му е главната цел на Путин.
По победата и неговото завземање, процесот на денацификација ќе биде успешен, велат тие.