„Коронавирусот ќе остане, но пандемијата со Ковид-19 ќе заврши следната година. Сигурен сум дека ќе биде во 2021 година“, изјавил Ринат Максјутов, директор на Рускиот државен научен центар „Вектор“. Максјутов, кој е доктор по биолошки науки, ова го кажал на онлајн фестивалот „Наука за надеж“.
Тој рекол дека пандемијата ќе заврши веднаш штом ќе се формира колективниот имунитет. За тоа е потребно да се вакцинира околу половина од населението. Засега, бројот на заразени лица се зголемува секој ден и заразата не забавува.
На 11 март Светската здравствена организација објави дека епидемијата со коронавирусот преминала во пандемија. Според последните податоци, досега во светот се заразени околу 63 милиони луѓе, а повеќе од 1,4 милиони починале. Во моментов има околу 18 милиони активни случаи на корона во светот.