Седум предвидувања на Стивен Хокинг за нашата иднина

Стивен Хокинг е познат по своите револуционерни дела, а неговите теории објаснуваат како нашата вселена функционира. Но, некои од неговите прогнози за иднината на човештвото и Земјата се прилично песимистички.

Генетски модифицираните вакцини ќе доведат до драматични промени

Стивен Хокинг сметаше дека една од најголемите закани за човештвото не доаѓа од вселенатам туку од тоа што луѓето го создаваат. Научниците ги проучуваат генетски модифицираните вируси и ги користат за лекување болести, но открија и други можни примени.

На пример, истражувачите кои создадоа вирус што може да убие клетки на ракот исто така открија дека тој може да ја намали и потребата за пиење алкохол така што влијае на невроните што го контролираат однесувањето на зависниците.

Вонземјаните ќе дојдат на нашата планета

Хокинг веруваше дека постојат и други облици на живот во вселената и дека не се пријателски настроени.

Според него, нашата вселена е само една од многуте одделни вселени. Вселената не е вечна. Во своето последно дело А Smooth Exit from Eternal Inflаtion („Елегантен излез од вечното ширење“), довршено две недели пред да умре, Хокинг предвидува дека нашата вселена на крајот ќе избледи до темнина бидејќи ѕвездите ќе останат без енергија.

Затоа, според неговото мислење, мора да отидеме до други вселени доколку сакаме да преживееме.

Роботи ќе ги заменат луѓето

Иако неговиот живот беше зависен од вештачката интелигенција, тој воопшто не ѝ веруваше. Еднаш кажа дека тоа би можело да биде најлошиот изум во историјата на нашата цивилизација бидејќи може да ги замени луѓето.

И покрај нејзините благодати, предупреди дека понатамошниот развој на ваквата технологија би можел да биде кобна грешка доколку не сме свесни за ризиците што може да ни ги донесе. „Кога луѓето развиваат вештачка интелигенција, таа ќе се осамостои и ќе се редизајнира самата на друг начин”, сметаше Хокинг.

Scroll to Top