Секоја година на брегот на Канада се појавува човечко стапало

Уште од 2007 година жителите на Британска Колумбија се сретнуваат со необјасниви појави. Во одредени периоди на брегот испливуваат човечки стапала во патики. Последен пат вакво нешто се случило изминатиот викенд.

На островот Габриола, каде што живеат околу 4000 луѓе, човек кој бил на прошетка открил стапало во патика. Досега на брегот на Британска Колумбија биле пронајдени 14 стапала.

Постојат различни теории за тоа. Некои велат дека станува збор за жртви на цунами, други дека станува збор за трговија со луѓе, а некои, пак, се сомневаат дека во морето ги фрлил сериски убиец.

Форензичарите, пак, велат дека станува збор за самоубиства и несреќи.

Енди Вотсон, портпаролот на Одделението за судска медицина на Универзитетот во Британска Колумбија, вели дека успеале да идентификуваат девет стапала.

Повеќето пронајдени стапала биле машки. Од нив девет биле десни, три биле со големина од 45,5 сантиметри. Стапалото што било пронајдено во 2012 година му припаѓало на маж кој се удавил пред 25 години за време на риболов.

„Ние можеме точно да одредиме дали стапалото припаѓало на човек кој се удавил, дали некој намерно го одвоил стапалото од телото или тоа се одвоило на природен начин“, вели Вотсон.

Бидејќи морската струја на тоа место е многу силна, можно е  некои од стапалата да стигнале од Алјаска. За теоретичарите на заговор, објаснувањата не се прифатливи и веруваат дека за појавата на истите постои некоја друга причина.

Scroll to Top