Семејството на Честер обвинува дека масовните медиуми го прикриваат неговото убиство од страна на елитата на музичката индустрија

Блиските пријатели и семејството на Честер Бенингтон, тврдат дека пејачот на популарната група Линкин Парк, не сторил самоубиство, туку е убиен во прикриена завера, во која учествувале раководители на музичката индустрија и мејнстрим медиумите.

Фронтменот на Линкин Парк, Честер (41) неодамна изврши „самоубиство“, во својот дом во Палос Вердес, во близина на Лос Анџелес.

На Твитер налогот на неговата сопруга, Ен Бентли, беа објавени низа на чудни пораки, часови непосредно по неговата смрт. Во една нејзина објава, таа тврдеше дека нејзинот маж не сторил самоубиство.

Медиуите тврдат дека нејзиниот Твитер налогот е хакиран, иако никој не дал никакви докази со кои би се поткрепиле ваквите претпоставки.

Многу фанови се вознемирени со идејата дека Твитер налогот на неговата сопруга во исто време е и хакиран, кога се случила и неговата смрт, истакнувајќи дека веројатно, тоа дава веродостојност на распространетата теорија на заговор и прикривање.

Други веруваат дека испратените твитови ги испратила во состојба на паника, пред да раководителот ги спречи дополнителните пораки кои требале да бидат испратени во јавноста.

Неговите пријатели сега почнаа јавно да го изнесуваат својот став,  со силна резерва дека нивниот пријател сторил самоубиство, нешто слично како и Крис Корнел, кога и неговите пријатели реагираа по неговата смрт минатиот месец.

Да потсетиме, вештакот од округот Вејн во американската сојузна држава Мичиген, пред два месеци објави дека пејачот од познатата музичка група „Soundgarden“, Крис Корнел, се обесил.

Колегата музичар, Крис Кејн, се отвори на Фејсбук, објаснувајќи дека неговиот пријател, го држел јазикот за забите некое време, поради страв од одмазда“, но тој сега одлучил да проговори.

„Јас  одлучив тоа се да обелоденам надвор. Крис и Честер се убиени. Нема да „попуштам“ на ова самоубивачко сра*е ниту 1 минута. Секој кој ги знае Крис и Честер, знае дека се најдобри пријатели. Честер дури му е и кум на детето на Крис.

И двајцата работеле заедно во темелите на Фондацијата „Chris i Vickey Cornel“, која помогна во спречувањето на сексуалното искористување на загрозените деца“.

Сопругата на Крис исто така одби да ја прифати пресудата на вештакот дека нејзиниот сопруг сторил самоубиство, додека истражувачите и понатаму пронаоѓаат сомнителни околности за деталите на неговата смрт во Детроит минатиот месец.

Честер им беше кум на трите деца на Корнел, и беше длабоко вклучен во Фондацијата, која беше создадена да ги заштити најранливите деца од злоставување. Бенингтон ја продолжи работата на својот татко, кој беше детектив и кој работеше на случаите за злоставувањето на деца, како и обидот да се осигура дека децата не патат од сексуално злоставување, кое и тој самиот го поминал кога бил млад.

Инсајдери од браншата, и пријатели на Честер и Крис, тврдат дека и двајцата работеле на разоткривање на клучни фигури од музичката индустрија кои се вклучени во елитниот педофилски круг. Тие велат дека Корнел и Бенингтон и двајцата се убиени во страшно слични околности, во период од месец дена, за да ги прикријат високите нивоа на злочини.

Мејнстрим медиумите лансираа напади кон секој оној кој ќе се осмели да изјави во јавноста, дека страшната слична смрт на Крис и Честер, е сомнителна и заслужува понатамошно истражување.

Бидете многу внимателни кога ќе ги читате погрешните мејнстрим медиуми. Не прифаќајте храбри тврдења и нивните наслови и почетните уводи. Копајте под површината, направете свое сопствено истражување, и обидете се да ги потврдите своите сомнежи.

Моќната и богата елита на музичка индустрија ќе ја поремети вашата реалност за да ги прикрие своите злочини, и покрај мејнстрим медиумите, за да јавноста биде известена и апатична.

Повеќе од 90% од мејнстрим медиумите, во САД, се во сопственост на шест корперации. Неколку медиумски олигарси, во дослух со Холивуд и музичката индустрија спроведува заговор за да јавноста остане во мрак, во врска со многу прашања – вклучувајќи го и ова.

Scroll to Top