Северна Кореја побара вакцина против короната иако тврди дека нема ниеден заразен

By

И покрај тоа што тврди дека нема пријавени случаи на коронавирус во земјата, Северна Кореја побара вакцина против Ковид-19 од Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), кој им помага на земјите во развој да го зголемат пристапот до имунизација, објави „Волстрит џурнал“. Режимот на Ким Џонг-ун демантира дека има случаи на коронавирус и покрај тестирањето илјадници сомнителни случаи.

Лани во декември, Сојузот за имунизација објави дека направил аранжмани за пристап до речиси две милијарди дози вакцини против короната во име на 190 економии: 98 земји со високи приходи и 92 земји со ниски и средни приходи.

Сојузот се очекува да испорача 1,3 милијарда дози одобрени вакцини во 2021 година до земјите со низок и среден приход кои ги исполнуваат условите за глобален пристап до вакцините против Ковид-19.

Сојузот, чиј дел е Северна Кореја, досега потпиша договор со „Астра зенека“ за 170 милиони дози и меморандум за разбирање со „Џонсон и Џонсон“ за 400 милиони дози, пренесува „Индипендент“.

Првите испораки на вакцини што ќе ги дистрибуира ГАВИ, во зависност од правните процеси во секоја земја, треба да почнат во првиот квартал од 2021 година.

Лани во март, „Саут Чајна морнинг пост“ објави дека околу 200 севернокорејски војници починале од коронавирусот и дека илјадници други биле ставени во карантин. Раководството тврди дека не е погодено од пандемијата.

Земјата ги засили граничните мерки и го забрани меѓународното патување лани кон крајот на јануари за да се зачува кревкиот систем на здравствена заштита. Северна Кореја исто така презеде поостри мерки за да го спречи влегувањето на новиот вирус во земјата вклучувајќи и егзекуција на службени лица за кршење на карантинските правила.

Ќе ви се допадне

AnimeFLV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeTV: Xue Haizi anime episode Full online free at https://animetv.cc top anime tv

Website https://twistmoe.net: Watch Suddenly Princess (Dub) twistmoe Episode 3 anime streaming

Buddypress: https://buddypress.org/members/animeflixnl/profile/

: anchor.fm/ kissanimemx