Сите теории за апокалипса паѓаат во вода – Крајот на светот нема да се случи наскоро

Сите најави за крајот на светот се доста загрижувачки и не говорат за тоа кога точно ќе се случи, и поради што.

Во последните неколку месеци пончнаа низ медиумите да кружат приказни и теории за новата апокалипса, која наводно ќе се случи на крајот на октомври оваа година.

Индипендент во неодамнешните текстови ја анализираше можноста и проучи низа на неодамнешни најави дека Земјата ќе се судри со голема планета која доаѓа во нашиот правец.

„Порталите пренесуваат вест за тоа дека наскоро ќе се случи крајот на светот, но сосема е сигурно дека до тоа нема да дојде. Досега се појавија бројни тврдења за тоа дека апокалипсата е многу блиску, дека ќе се случи за неколку недели, и дека ја следат 10 библиски чудовишта.

„Но, тврдењата би требало да бидат поткрпени со цврсти докази. Иако можеби и се случуваат необични појави, апокалипсата сега едноставно нема да се случи“, пренесува Индипендент.

Сите најави за крајот на светот се доста загрижувачки и не говорат за тоа како точно ќе се случи и поради што. Но, најмногу новите теории се засноваат на тврдењата на авторот и нумерологот Дејвид Мида, кој ја напиша книгата „Планетата X“, доаѓањето на 2017 година“, кој тврди дека крајот на светот ќе дојде во октомври.

 

 

Мид тврди дека голема планета во нашиот Сончев систем, Планетата X или Нибир, наскоро ќе дојде и ќе се судри со Земјата. Проблемот во тоа тврдење е што планетата не постои и затоа сигурно нема да не уништи, пишува понатаму Индипендент.

Американската вселенска агенција НАСА морала да изјави за гласините дека Нибири се приближувал уште во 2012 година, и тогаш изјавија дека, ако таа планета навистина се доближувала до Земјата, астрономите би ја следеле барем десет години претходно, и дека би била видлива со голо око.

Планетата не дошла во близина на Земјата ни тогаш, ни било кој друг пат, кога се предвидуваше нејзиното приближување, но некои и понатаму веруваат во тоа.

Крајот на светот може да се случи, но целосно со сигурност, не може да се утврди кога ќе биде тоа, на крајот заклучува Индипендент.

 

 

Scroll to Top