За незаконските деца и за многуте љубовници на принцот Алберт од Монако знае целиот свет, но тој не е единствениот припадник од кралските семејства кој наводно има незаконски деца.
Некои родители од овој список своите вонбрачни потомци, како и Алберт, ги имаат признаено, а за другите само се претпоставува.
Кралот Алберт II од Белгија
Со години во Белгија јавна тајна била дека скулпторката Делфин Боел е ќерка на кралот Алберт II. Нејзиното раѓање е резултат на неговата афера со баронката Сибил де Селис Лонсан, а кралот дури минатата година призна дека е нејзин татко откако Делфин десет години морала тоа да го докажува на суд. Во 2020 година таа успеала да се избори за истите права како и децата што татко ѝ ги добил во брак.
Интересно е дека Делфин уште во 2005 година јавно рекла дека Алберт е нејзиниот биолошки татко, но дури кога тој абдицирал од престолот. Откако го изгубил имунитетот пред судот, таа ја поднела тужбата. Рече дека мајка ѝ ѝ кажала кој ѝ е вистински татко кога станала полнолетна.
Мајка ѝ Сибил тврди дека била во врска со Алберт, која наводно траела 18 години, пред тој да стане крал и дека тој бил присутен во животот на ќерка ѝ кога таа била мала.
Кралот Чарлс III
Во 2016 година Сајмон Доранте-Деј излезе во јавност со тврдење дека тој е тајниот син на Чарлс и Камила. Наводно, тоа му го открила жената што го одгледала како негова баба, а која наводно работела за кралицата Елизабета и за принцот Филип.
Симон тврди дека Камила со него забременила во 1965 година пред Чарлс да се ожени со Дијана. Чарлс тогаш имал 17 години, па тврдењата за неговиот наводен син не се нереални.
Доранте тврди дека Камила исчезнала од својот социјален круг најмалку девет месеци пред неговото раѓање, а Чарлс бил во Австралија. Се верува дека го чувала додека не наполнил осум месеци користејќи стручна кралска заштита за да го држи бебето во тајност додека не го посвои ќерката на еден од кралските поранешни работници во домаќинството на кралицата.
Симон се обидува преку судски пат да се избори за ДНК-тест за да ги докаже неговите тврдења.
Принцот Алберт II од Монако
Принцот Алберт засега има две вонбрачни деца, што ги има признаено. Јасмин Грејс Грималди и Александар Грималди Коста. Јасмин е неговото најстаро дете, кое го добил од кратката врска со Тамара Ротоло. Таа била одгледана надвор од кралското семејство. Со татка си имала контакт до својата 11. година.
Синот Александар го добил со поранешна стјуардеса Никол Коста, со која има близок однос. Двете деца ги признал по смртта на татко му, принцот Раиниер.
Во тек е и скандалот што Алберт може да го чини брак. Се појави и тужба за признавање на татковството, кое го поднела Мариза С, која тврди дека тој е татко на ќерка ѝ. Алберт негира каква било врска со неа, но ако таа успее да ги докаже нејзините тврдења, тоа може сериозно да го наруши неговиот брак, пренесуваат медиумите.
Тој е во брак со Шарлот Казираги, принцезата што го носи прекарот за најтажната принцеза во светот. Ако ова се покаже како вистина, ќе испадне дека сите вонбрачни деца Алберт ги направил додека бил во брак со неа.
Кралот Хуан Карлос I од Шпанија
Поранешниот шпански крал Хуан Карлос има три деца. Сегашниот шпански крал Фелипе и принцезите Елена и Кристина. Но, има и двајца луѓе што тврдат дека Хуан Карлос е татко и на Ингрид Сартија и на Алберто Сола.
Двајцата со години водат кампања за кралот да ги признае како свои деца, а тој тврди дека никогаш не ја изневерил својата сопруга, кралицата Софија. Од друга страна, се шпекулира дека тој е сериски измамник, а некои одат до таму што тврдат дека имал 5.000 љубовници.
Принцезата Дијана
Дијана нема никакво тајно дете, но со години постоеле шпекулации дека принцот Хари не е син на Чарлс. Откако јавно призна дека имала афера со воениот офицер Џејмс Хевитон, некои луѓе тврдат дека Хари многу повеќе личи на него отколку на Чарлс. Од друга страна, Хари исто така личи и на братот на Дијана, Чарлс Спенсер, па неговиот изглед не може да се земе како доказ.
Кралот Алфонсо XIII (Шпанија)
Хуан Карлос не е единствениот шпански крал што се соочил со проблемот со незаконски деца. Во слична ситуација се нашол и дедо му, кралот Алфонсо XIII, чиј вонбрачен син Леонардо Руиз за признанието се изборил дури на 74 години.
Принцезата Маргарет (Велика Британија)
Една од бизарните приказни е онаа за Роберт Браун, кој тврдел дека неговата вистинска мајка е британската принцеза Маргарет, која наводно го родила во 1955 година. Тој тврди дека бременоста ја криела со помош на двојници, а него го испратиле во Кенија затоа што принцезата тогаш била невенчана. Своите тврдења тој никогаш не успеал да ги докаже.