Сопруга на астронаут тврди дека мажот ѝ бил силуван на пат кон Месечината

Еден од најуспешните мисии што некогаш ја извела НАСА, „Аполо 15“, сега се разгледува од страна на службите кога во јавноста излегоа обвинувања за сексуален напад врз астронаутот Џејмс Бенсон Ирвин.

Сопругата на Џемјс, која сега веќе е вдовица, Гертруд Ирвин (93), изјавила дека нападот бил извршен од страна на неговиот колега Дејвид Рандолф Скот додека биле на пат кон Месечината.

По неговата смрт, Гертруд, која страда од Алцхајмерова болест и деменција, решила да ја разоткрие приказната на својот сопруг.

Дејвид Рандолф Скот

„Мојот сопруг никогаш отворено не призна кој го силувал на патот кон Месечината, но тоа беше мисија во која учествуваа двајца луѓе, па оттука не беше тешко да се разоткрие кој бил силувачот“, изјавила таа во видеото што го споделила на „Јутјуб“.

„Освен ако не биле вонземјаните за кои Џејмс постојано зборуваше? Тој беше склон кон алкохол, па постојано зборуваше за НЛО и вонземјани кога ќе претераше со чашката. Но не беше истиот човек кога се врати од патувањето“, вели Ирвин.

Џејмс ѝ признал на Гертруд дека неговиот НАСА-партнер постојано го допирал за време на 11-дневниот пат кон Месечината.

Џејмс Бенсон Ирвин

„Велеше дека имало денови кога Дејвид не можел да ги тргне рацете од него“, открива Гертруд.

Таа претпоставувала дека ваквата ситуација настанала поради тоа што Дејвид долг период бил во тесен простор без жена.

„Тоа било несреќа што чекала да се случи“, вели Гертруд.

Нејзината ќерка на репортерите во Хјустон им објаснила дека мајка ѝ е ментално нестабилна и е под тешки лекови, а портпаролот на НАСА засега немал никаков коментар за целата ситуација.

 

 

 

 

Scroll to Top