Сорос негира поврзаност со „шарените“, но вети искоренување на болеста национализам

By

Милијардерот Џорџ Сорос вети дека агресивно ќе возврати  на национализмот во Европа и Америка.

Според пишувањето на „Фајненшл тајмс“, Сорос испратил предупредување до луѓето кои се „горди“ на својата земја ветувајќи дека нивната доминантна идеологија на национализам наскоро ќе се сруши околу нив.

Сорос, алудирајќи на распадот на СССР, изјави за леволибералните весници:

„Тоа е дежа ву што се појавува по секоја голема промена, доминантната идеологија во светот сега е национализам. А институцијата ЕУ сега е на работ на распад. И Русија е сега моќна сила која закрепна на темелите на национализмот“, изјави Сорос.

Финансиерот кој се залага за отворени граници ги обвинува руските хакери за напад против него во 2016 година и затоа што владата на Русија го стави на црната листа во 2015 година поради наводното загрозување на уставниот систем и националната безбедност на Русија.

87-годишниот старец изјави дека пред својата смрт ќе ја распушти фондацијата „Отворено општество“, но кога го виде растот на национализам меѓу граѓаните кои се против глобализмот и прогресивниот интерес, 18 милијарди долари од сопственото богатство пренесе во фондот во октомври 2017 година и вети дека ќе остане на местото на претседател уште пет години, а можеби и подолго.

„Мислам дека ќе речете дека сум многу среќен со своите непријатели“, изјавил Сорос. „Се чувствувам повеќе од подготвен да го возвратам ударот во борбата и да се залагам за она што е правилно.

Концептот на „тоа што е правилно“  зависи од неговата финансиска игра. Шпекулантот кој ја уништи Централната банка на Велика Британија со продажбата на стерлинзи во 1992 година себеси се опиша како личност која во одреден момент се занимава со аморални активности, а останатото време се обидува да биде морална.

Тоа го изјави во искреното интервју „60 минути“ во 1998 година кога се обиде да ги рационализира своите бранови на уништување на суверените народи преку својата „филантропија“.

Сорос ги отфрли обвинувањата дека неговата организација е вклучена во рушењето на владите во Украина, Македонија и Грузија, иако призна за „Фајненшл тајмс“ дека неговите приврзаници биле вклучени во протестите во Мејден во Украина во 2014 година.

„Не бевме вклучени во борбата. Тоа е против нашите начела. Но, ги поддржувавме борците, и така беше и за време на Мајден“, изјави Сорос.

Народите на Средна Европа се гласни противници на Соросовите интервенции, а унгарската влада верува дека милијардерот стои зад плановите на ЕУ за отворање на границите на милиони блискоисточни и африкански имигранти, низ институционализација на масовните миграции.

Минатата недела на сослушување во Европскиот парламент Соросовата група за права на мигрантите го повика Европскиот парламент да воспостави „Инструменти на европски вредности“, кои би го финансирале поддржувањето на невладините организации кои ги „штитат европските вредности“ во земјите членки.

Расправата е организирана од страна на европските законодавци Софи вон Велд и Френк Енгел. И двајцата биле на листата која неодамна излезе во јавност од 226 доверливи сојузници во Европскиот парламент на Соросовата организација „Отворено општество“.

 

Ќе ви се допадне

Domestic Girlfriend (Dub) Episode 12

AnimeTV: Pleasant Goat and Big Big Wolf: Mission Incredible: Adventures on the Dragon's Trail anime episode Full online free at https://animetv.cc ha anime tv

Website https://animebee.to: Watch GJ Club animebee Episode 12 kissanime

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Bagtheweb: https://www.bagtheweb.com/u/gogoanimelol/profile

Hub docker: https://hub.docker.com/u/animefreakws