Сорос за Орбан: Тој ја краде државата и ја користи короната за промена на Уставот

Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, го обини премиерот на Унгарија Виктор Орбан, дека ја краде државата и дека го користи новиот бран од короната за да го промени Уставот, пренесува српски Курир.

Европската унија не смее да прави компромиси кога им доделува на пари на државите членки. Тие мора да го почитуваат владеењето на правото смета Сорос. Тој вели дека предизвикот пред кој е исправена ЕУ, кога се во прашање земјите како Унгарија и Полска, ќе одреди дали Унијата ќе опстане како отворено општество, кое се придржува до вредностите врз кои е основана.

Сорос во авторскиот текст за порталот „Проџект синдикејт“, со седиште во Прага, изјавил дека Унгарија и Полска, иако имаат најголема корист од буџетот, жестоко се противат на условувањето со владеењето на правото, на начин на кој тоа го има одредено ЕУ, пренесува „Танјуг“.

Сорос изјавил дека овие две земји, знаат дека се одговорни за шокантното кршење на владеењето на правото и не сакаат да ја платат цената за тоа.

Според него, ветото на буџетот на ЕУ, е чекор без преседан на двајца сериски престапници, кој предизвика конфузија меѓу членките на ЕУ, но смета дека постои начин истото да се заобиколи.

„Во случај да не биде постигната согласност за новиот буџет, стариот буџет кој истекнува на крајот на 2020 година, ќе биде продолжен на годишна основа. Унгарија и Полска, не би требало да добијат средства од тој буџет, затоа што нивното владеење ги крши човековите права“, смета Сорос.

Тој додал дека на ист начин и Фондот за опоравување би можел да примени подобрување на процедурата, како што тоа го предложил Гај Ферхофштад. А, доколку ЕУ го направи тоа, ветото на Орбан и Качински би можело да се избегне.

Говорејќи за Орбан, Сорос изјавил дека тој во Унгарија изградил разреден клептократски сисмте, како би можел да ја ограби земјата.

„Колку точно се збогатиле тој и неговото семејство и пријатели, е тешко да се утврди, но некои од нив станаа необјасниво богати. Орбан сега го користи новиот бран на ковид 19, за да го промени Уставот на Унгарија и изборниот закон и со уставните средства да си ја завцрсти позицијата на доживотен премиер. Тоа е трагедија за унгарскиот народ“, смета Сорос.

Тој додал и дека унгарската опозициона партија се обидува да формира заедничка листа на кандидати со која би настапила на изборите во 2022 година, но, како што вели, нивните шанси за успех се мали, затоа што Орбан ги променил изборните правила.

Орбан ја контролира целата земја, како и медиумите, а во многу села, гласањето не било тајно, смета Сорос.

„Само ЕУ може да помогне. Фондовите на ЕУ би можеле да се насочат кон локалните власти во кои и понатаму постои демократија. ЕУ не смее да дозволи компромис“, вели Сорос.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top