Спас во пет држави, ако дојде до економски колапс, светски хаос и нуклеарна војна

By

На повидок е нова економска криза, војни беснеат во светот, нов бран на миграција ја зафати Европа, а во некои земји е неподносливо  да се живее.

Некои велат дека не е патриотски да се напушти бродот што тоне. Некои велат дека треба да се остане додека  е можно. Но, што кога заминувањето повеќе нема да биде опција?

За среќа, некои нации имаат поинакви принципи и за нив преселбата не е тешка како што мислите. Почнува со едноставна одлука да почнете да живеете според своите принципи и да најдете  околина во која ќе можете да го минете ограниченото време на оваа планета, пишува beforeitsnews.com.

Сакате ли да бидете негативни додека системот се руши околу вас? Или сакате да бидете опкружени со мир и слобода?

Евреите кои ја напуштиле Германија пред Втората светска војна го проживеаја својот живот во други држави. Имаат деца и станале баби и дедовци. Тие кои останале умреле од глад или се убиени заедно со своите семејства.

Ви претставуваме 5 држави во кои можете да живеете добро и безбедно.

Критериумите за изборот на држави биле:

  • социјална стабилност
  • бројот на непријатели
  • економска слобода и можности
  • самодоволност
  • трошоци за живот
  • добивање виза и државјанство
  • изолација од западните крахови и војни

Костарика

Костарика е планинска држава како Швајцарија, но има  потопла клима, иако не е во тропските делови на светот. Таму можат да се најдат и долини и планински предели погодни за живот.

Костарика е релативно мала држава и се наоѓа во близина на екваторот, но опфаќа 30 различни климатски зони, па температурите се движат од 10 степени Целзиусови во планините до 32 степени Целзиусови на плажите. Со други зборови, не е потребно да плаќате греење во текот на зимата, ниту е потребно да се разладувате со клима-уредите преку лето. Исто така, сезоната на сеење трае во текот на цела година.

Тлото е неверојатно плодно и многу луѓе одгледуваат посеви. Овошје и бобинки кои се скапи и ретки во други држави, овде растат како пиреј. Државата исто така поседува големи количини вода поради тоа што се наоѓа меѓу Карибите и Тихиот Океан, а планините, кои се протегаат низ целата држава, осигуруваат доволно кислород.

Има реки, а планинските потоци се кристално чисти. Целата струја ја произведуваат хидроелектраните.

Единствен проблем е тоа што е тешко да се дојде до трајно државјанство во оваа земја.

Според законот на Костарика, правно државјанството може да го добие личност која исполнува еден од следните услови:

„Доколку добивате воена пензија, социјална помош или државни олеснувања во износ од најмалку 887 евра месечно. Доколку имате гарантирани приходи од најмалку 2220 евра месечно. Доколку вложите депозит во банка во Костарика во вредност од 53.000 евра. Од овој депозит ќе ви се исплатат 2220 евра месечно, во период од две години, што значи дека државјанството мора да опфаќа две години повторно уплатување од 53.000 евра. Доколку сте инвеститорот кој вложил најмалку 177.000 евра во Костарика.

Владата во Костарика воведе строги мерки затоа што има проблеми со колумбиските и мексиканските имигранти.

Продолжува

 

Ќе ви се допадне