Среден прст кој наликува на Доналд Трамп на насловната на „Дер шпигел“

By

Германскиот весник „Дер шпигел“ на одлуката на САД да излезат од нуклеарниот договор со Иран реагираше со насловна страница на која е прикажан подигнат среден прст кој наликува на американскиот претседател Доналд Трамп и кој порачува „Збогум, Европо!“.

„Хафингтон пост“ наведува дека овој број на „Шпигел“ излегол во петокот и дека веќе предизвикал лавина  коментари, а дека сликата на насловната на „Твитер“ ја објавил и францускиот амбасадор во САД, Џерард Аро.

Насловната страница, која ја направила уметничката Едел Родригез, била проследена со остар уреднички коментар  „Време е Европа да се приклучи на отпорот“. Во текстот пишува дека паметен отпор е неопходен, колку и да звучи тажно и апсурдно.

Според оценките на германскиот уредник, реномето на Трамп е засновано на митовите за американскиот херој, но жените всушност не копнеат премногу за него и тој е само добар бизнисмен, но без стратегија.

„Трамп е успешен во уништувањето. И тоа е тоа што тој знае да го прави најдобро“, пишува во текстот под кој е потпишан Клаус Бринкбеумер.

Во текстот е наведена одлуката на Трамп да се повлече од иранскиот нуклеарен договор и дека истата претставува привремена суспензија за трансатлантското сојузништво. Исто така, посочено е дека шефот на Белата куќа носи само хаос таму каде што претходно владееле ред и мир.

„Нашиот однос со Соединетите Држави во моментов не може да се нарече пријателски. Западот каков што го познаваме повеќе не постои. Невозможно е да се надмине она што Трамп го сруши во изминатите 16 месеци“, се наведува во текстот во германскиот весник.

 

 

 

Ќе ви се допадне