Огромна црна дупка со милиони пати поголема маса од нашето Сонце се движи кон Земјата, предупредуваат експертите. Како што пренесува umangakhabar, таа се движи со 110 километри на час и еден ден може да го уништи животот на Земјата каков што го знаеме.
Оваа црна дупка се наоѓа во центарот на големата галаксија Андромеда, која е најблизок сосед на Млечниот Пат. Експертите велат дека гравитациските сили на Млечниот Пат и Андромеда се привлекуваат и дека еден ден ќе се судрат.
„Ова не е каква било црна дупка, туку е 4,1 милион пати поголема од масата од Сонцето. Таа доаѓа од правецот на соѕвездието Стрелец, кое е на само 26.000 светлосни години од нас. Додека зборуваме оваа масовна црна дупка ги уништува другите ѕвезди и ѕвездени системи. Поради големината ќе има само еден победник ако еден ден се судри со Млечниот Пат. Но, бидејќи е оддалечена 2,5 милиони светлосни години од нас, ќе ѝ бидат потребни повеќе од четири милијарди години додека стигне до нас. Засега сме безбедни“, велат експертите.