Светската елита се собра на Алпите

By

Швајцарскиот скијачки центар Давос во наредните три дена ќе биде окупиран од стотици важни и најбогати луѓе во светот. За нивната безбедност ќе се погрижат полицијата, војската и најелитните безбедносни служби во светот, а истовремено на врвовите на планините ќе бидат позиционирани снајперисти.

Околу 5000 војници ќе го контролираат просторот околу зградата каде што ќе се одржи Форумот.

Просторот е поделен на четири безбедносни зони, во кои ќе може да влезат само оние кои имаат акредитација.

Не е тајна дека внатре ќе има место и за снајперисти, кои за секој случај ќе дежураат во три смени.

Целокупната организација на настанот кој ќе се случи во Граубинден, Швајцарија, ќе ја чини државата 28 милиони франци.

Сите акредитирани учесници на Форумот уште од слетувањето на кој било аеродром во Швајцарија ќе мора да минат низ низа проверки.

Пред влезот во конгресниот центар ќе мора да минат низ неколку скенери, а ќе се проверува сè што ќе имаат на себе.

Низ скенерите ќе поминуваат сите и самите учесници на собирот.

На жителите во Давос им е препорачано во текот на одржувањето на Форумот да останат во своите куќи.

На Форумот ќе присуствуваат лица од повеќе од 70 земји, а најголема корист организаторот ќе оствари од бизнисмените.

Самитот нуди единствена шанса за ракување со извршните директори, водечките банкари и луѓето од Вол стрит. Колку компаниите се помоќни, толку столот ќе им биде поскап.

И американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде во градот со највисока надморска височина во Европа, која изнесува 1560 метри.

Неговата цел е на светот да му ги претстави успесите на својата администрација, како и да се состане со голем број колеги од целиот свет.

Инаку, Давос отсекогаш го биел глас како град во кој светската елита и џет-сет сакаат да ги минуваат своите слободни моменти.

Поради тоа, и цените на собите и хотелите нема да се менуваат за време на одржување на Форумот.

Во Давос постојат 78 хотели, со 9300 кревети, но и 2648 места во камповите и хотелите.

Собата во еден скромен хотел чини околу 300 евра, но под услов да се резервираат седум ноќевања со појадок.

Овогодишниот Форум во Давос, покрај светската елита, ќе го привлече вниманието на јавноста и поради снежната покривка бидејќи тој град целосно е затрупан со снег и се забележани најобилните врнежи во последните 10 години.

Со оглед на тоа дека до крајот на јануари останаа уште неколку дена, снежната покривка би можела да ја надмине онаа од 2012 година по количината врнежи.

Просечната количина на врнежи во периодот меѓу 1981 и 2010 година изнесувала 468 сантиметри. Но, тој број е во постојан пад во текот на годините, а во јануари годинава е забележан најголемиот просек на паднат снег во последните десет години.

Покрај сите политички лидери кои престојуваат во Давос, дефинитивно и снегот предизвика воодушевување.

И токму големата количина снег ќе ги спречи можеби најавените протести на партиите на „зелените“ и швајцарските демократи.

На овие политички групи им е забранет протест на улиците од организаторот на Форумот, поради недостиг на слободен простор за протести, токму поради снегот.

Првично било планирано политичките активисти да протестираат против доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да го има завршниот говор на Форумот.

Ќе ви се допадне