Тајни документи откриваат дека сојузниците знаеле за холокаустот на Хитлер

Новооткриени документи докажале дека сојузничките сили во Втората светска војна речиси три години пред влезот во борба биле целосно свесни за масовните убиства, мачењата и кршењата на човековите права во холокаустот, како и целосниот опсег на тие злодела што ги сторил Адолф Хитлер.

Сојузниците исто така пред влезот во Втората светска војна имале однапред подготвени обвинувања за воените злосторства против Адолф Хитлер и неговите главни нацистички заповедници.

Новите документи на Обединетите нации, кои 70 години не ја виделе светлината на денот, покажуваат дека уште во декември 1942 година американската британската и советската влада биле свесни дека најмалку два милиона Евреи се убиени и дека животите на уште пет милиони се во опасност. Поради тоа подготвиле обвиненија.

И покрај овој факт, сојузниците многу малку направиле за да ги спасат или да им дадат отпор на оние што се во животна опасност.

Министерот на Черчил, Висконт Кранборн, во март 1943 изјавил дека Евреите не треба да се сметаат за специјален случај и дека британското кралство е веќе преполно со бегалци.

„Најголемите сили го коментирале масовното убиство на Евреите две и пол години пред тоа да се случи“, рекол авторот на книгата „Човекови права по Хитлер“ и професор на лондонскиот Универзитет СОАС, Дан Плеш, за „Индепендент“.

„Се претпоставува дека за холокаустот службено дознале кога ги откриле концентрационите логори, но јавно убиствата ги коментирале во декември 1942 година“, додал тој.

Плеш нагласил дека сојузничките сили подготвиле обвинение за воени злосторства врз основа на сведоштва на луѓе што биле прошверцувани од камповите, како и од движењата на отпорот во повеќе окупирани земји. Меѓу другото, открил и документи во кои Хитлер бил обвинет за воени злосторства од 1944 година.

Професорот вели дека сојузниците и покрај доказите и обвинувањата што ги имале против нацистите, направиле многу малку за да им помогнат на луѓето во опасност. Тврди и дека напорите против претставникот на Рузвелт во Обединетите нации, Херберт Пел, биле потиснати од страна на антисемитот во американското Министерство за надворешни работи.

Пел подоцна тврдел дека поединци од Министерството биле загрижени дека ќе бидат загрозени економските врски меѓу САД и Германија по војната доколку се продолжи со процесирањето на нацистите.

Меѓу причините што ги дале САД и Британија во врска со сузбивањето на кривичното гонење на нацистите е тоа што сфатиле дека барем некои од нив би биле потребни за да се обнови Германија и да се соочи со комунизмот, кој во тоа време се сметал за голема опасност“, вели Плеш.

 

 

Scroll to Top