Тиктокер тврди дека е патник низ времето, објави дека вонземјаните ќе пристигнат на Земјата на 8 декември. И тој како и многу пред него, зачестија со приказните за некакви си наводни НЛО-а и вонземјани и пророштва слични на оние на Баба Ванѓа.
Некои тврдат дека биле во контакти со вонземјани, други велат дека го знаат точниот ден кога огромен астероид ќе удри на Земјата, а со него ќе дојде и вонземскиот живот. Нешто слично тврди и сегашниот тиктокер, кој објави дека датумот кога метеорот со вонземјани ќе удри на Земјата е 8 декември.
Мистериозниот патник тврди дека пристигнал од иднината од далечната 2671 година и предупреди на уште пет моменти со кои човештвото ќе се соочи во иднина.
Според него во наредниот период огромна ѕвезда ќе експлодира и небото над Земјата ќе биде осветлено со години. Ќе не посетеле вонземјани, Земјата ќе била погодена од силен земјотрес со јачина од 9,8 степени според Рихтер, а од силниот потрес ќе се создадат огромни морски бранови.
Потоа предупреди дека на Земјата ќе се појават големи морничави суштества, како пајаци големи и до еден метар, дека мравките ќе пораснат и до 30 сантиметри, а мечките ќе бидат поголеми и од 6 метри. Тврди и дека годинава ќе се роди првото хибридно бебе човек-шимпанзо