Тито со ураниумот од Злетово можел да произведе атомска бомба

Југославија би можела да има бомба над бомбите доколку тогашното политичко раководство реагирало поинаку од тоа што ние го знаеме како историја. Тајната научна студија што ја има направено ЦИА во декември 1975 година тврди дека поранешна Југославија ги имала сите потребни капацитети и резерви на ураниум од сопствени извори така што во 1980 година можела да направи атомска бомба, вели професор Филип Ковачевиќ во разговор за „Спутник“, кој имал ретка можност да му бидат дадени на увид осум тајни документи.Ковачевиќ бил гостин на едно предавање на универзитетот во Сан Франциско, примарно поле на истражување му била работата на известувачките служби, а до нови материјали стигнал кога се обратил до ЦИА со барање за документи поврзани за југословенска атомска програма.

Неколку генерации аналитичари на ЦИА ја проучувале темата

„По повеќе од една година, во октомври 2017, добив осум документи на 84 страници. Документите го опфаќаат периодот на триесет години, од 1957 година до 1986. Тие се од различен формат, од кратки извештаи до научни студии, и сите ја носеа ознаката врвна тајна. Јасно е дека неколку генерации аналитичари на ЦИА сериозно се занимавале со оваа тема. Документите на одделни места се редактирани за да го скријат изворот на информации, а во придружно писмо ми е кажано дека постојат уште некои документи кои остануваат јавно недостапни поради влијанието на американската национална безбедност.

Во документите на ЦИА, во кои Ковачевиќ имал увид, стои дека веднаш по Втората светска војна, Југославија воспоставила соработка со САД на развојот на атомската програма и почнала да испраќа студенти на специјализација на американските универзитети.

Така, во 1952 година Југославија во соработка со научниците на Американското геолошко друштво изврши истражување на својата територија и утврдила дека постоело солидно наоѓалиште на ураниум во Словенија (Идрија) и во Македонија (Злетово).

Како што прецизира Ковачевиќ, според документите од 1975 година, под името „Перспективите за понатамошно ширење на атомското оружје“, јасно се заклучува дека Југославија можела да произведе атомска бомба во 1980 година.

„Тајната научна студија на ЦИА од декември 1975 година заклучува дека Југославија поседува доволно капацитет (дури и резерви на ураниум од сопствени извори од рудниците во Словенија и Македонија) да направи атомска бомба до 1980 година. Се напомнува дека било потребно дополнително инвестирање во фабриката за процесирање на ураниумот и во конструкцијата на оружјето што би можело да биде носач на бомбата. Така, Југославија можела да има бомба над бомбите, а сѐ зависело од тогашното политичко раководство“, вели Ковачевиќ.

Бомбата би можела да ја спречи војната?

„Некои во тоа раководство, во кое Тито поради болеста повеќе не ја имал доминантна улога, изгледа веќе ја виделе својата иднина надвор од југословенската држава. Според мое мислење, многу веројатно е дека поседувањето атомска бомба би можело да ја спречи од бруталниот и крвав распад“, заклучува Ковачевиќ.

Scroll to Top