Трамп рекол Македонија нема да влезе во НАТО под сегашното име

Според бугарскиот портал „Епицентар“, Вашингтон нема да дозволи Македонија да влезе во НАТО со сегашното име на земјата. Порталот пишува дека оваа изјава американскиот претседател Доналд Трамп ја дал во четвртокот за време на прославата на Денот на независноста на Грција во Белата куќа.

Во своето обраќање на свеченоста, претседателот ја пофалил Грција како основа за западната култура и цивилизација и рекол дека основачите на САД се инспирирале од историјата на грчките градски држави кога го изготвувале Уставот на САД.

При одбележувањето на Денот на независноста на Грција, Белата куќа била обена во сино и бело.

Scroll to Top