Целиот Интернет го контролираат седум луѓе

Можеби звучи како луда теорија на заговор, но вистината е дека интернетот е контролиран од 14 луѓе што користат 7 клуча.

Новинарот на Guardian – Џејмс Бал, имаше прилика да присуствува на еден од високо-обезбедуваните ритуали, познат како „key ceremony“.

Луѓето што ја спроведуваат оваа церемонија се дел од организација наречена „Internet Corporation for Assigned Names and Numbers“ (ICANN). Оваа организација е одговорна за припишување/доделување на нумерички интернет адреси на вебсајтовите и компјутерите, и за нивно преведување во „нормалните“ веб адреси кои ги впишуваме во нашите пребарувачи.

Која е нивната задача?

Задачата на овие луѓе е да доделуваат нумерички адреси на веб-страниците и компјутерите, а потоа да ги преведат во нормални веб-адреси кои луѓето ги внесуваат во своите прелистувачи.

Секоја веб-страница има број кој може да го напишете во вашиот прелистувач наместо името на веб-страницата, меѓутоа, зборовите се полесни за паметење.

Овие 7 физички клуча отвараат 7 сефови низ светот. Во нив има кутии, а во нив има smart key картички. Кога ќе ги ставите сите картички заедно, го добивате главниот клуч – master key. Мастер клучот во суштина е компјутерски код, еден вид пасворд кој дозволува пристап до датабазата на ICANN.

Ова се менува четири пати годишно, кога сопствениците на клучевите се среќаваат и генерираат нов клуч.

Безбедноста е многу висока и вклучува употреба на кодови и скенери за пристап.

Зошто е толку важно?

Ако некогаш ICANN биде хакиран, хакерот би се здобил со контрола над интернетот и би предизвикал хаос.

Би имал можност да создаде лажна веб-страница и да направи таа да изгледа реално, што е огромен ризик за сајбер-безбедноста.

Токму затоа 14 лица контролираат 7 клуча, за ниту една личност да нема преголема контрола.

Од 2010-та наваму, седумте чувари на клучевите се сретнуваат 4 пати годишно (да, на церемонијата на клучеви), каде што генерираат нов мастер клуч, т.е. нов пасворд.

Обезбедувањето на церемонијата е… интензивно, вели Џејмс Бал, и подразбира дека мора да поминете низ серија од заклучени врати – со помош на кодови и скенери на дланката, за на крајот да завршите во специјална соба од која не може да излезе никаква електронска комуникација.

А таму, конечно, 7-те најважни сопственици на клучеви на светов го изведуваат својот „ритуал“, по што ја напуштаат собата еден по еден и одат некаде на мезе, пијачка, забава, или што и да е друго типично за луѓе како нив.

Ова на видеото е првата „церемонија на клучеви“ од 2010-та година (на 1:58 во видеото).

Scroll to Top