Турските власти повеле правна постапка против 30 лица затоа што на „Твитер“ напишале низа објави на кои пишувало дека претседателот Реџеп Таип Ердоан неодамна починал.
Во соопштението е објаснето дека осомничените се наоѓаат под истрага поради објавата со хаштаг „олмус“, што е турски збор и кој во груб превод значи мртов е.
Тие сега се обвинети за наводно ширење дезинформации и манипулативни содрини, како и навреди кон Ердоган, пренесува агенцијата „Асошиетед прес“.
Твитовите следувале по честите шпекулации за здравјето на Ердоган откога во јавноста неодамна излезе снимка на која се гледа како тој тешко се движи.