Утрински лек за чистење на организмот

Редовното чистење на организмот помага да се отстранат отровите од телото пред да се појават здравствени проблеми. Според експертите, постојат два лека, едниот на база на лимон, вториот на база на коприва.

Чаша топла вода со малку свежо исцеден лимон наутро ги чисти цревата и ја отстранува нечистотијата што се наталожила во нив претходниот ден. Оваа напивка го поттикнува работењето на дигестивниот систем и на цревата, па на тој начин овозможува отстранување на наталожените токсини.

За чистење на цревата одличен е и чајот од коприва. Ги поттикнува метаболизмот и излачувањето на водата, а ги намалува проблемите во варењето.

Scroll to Top