Валериј Легасов, човекот кој го даде животот за вистината за Чернобил

By

Валериј Легасов е човекот кој бил еден од првите кои сериозно ги сватил размерите од катастрофата во Чернобил. Бил испратен за да ги ублажи нејзините последици. Неговите одлуки помогнале да се спасат милиони животи, но тоа го платил со највисоката цена.

Човекот во џемпер со дебели очила седел во кујната слушајќи го својот глас на касетофон. Откако снимил пет касети кои содржат информации за Чернобил, тој излегол надвор ги сокрил од будното око на агентите на КГБ. Кога касетата ја ставил во вентилациониот систем од куќата, се вратил дома, ја нахранил мачката и се обесил.

Ова сцена која ја отвора мини-серијата „Чернобил“ е подготовка на теренот за приказната за нуклеарната катастрофа во 1986 година и Валериј Легасов, истакнатиот советски аноргански хемичар, кој ја одиграл клучната улога во интервентната екипа задолжена за Чернобил и дополнителната истрага за причините за катастрофата.

Тој бил тој кој инсистирал на евакуација на градот Припјат и одлуките кои помогнале во ограничување на влијанието на катастрофата. Легасов исто така бил лицето кој на Меѓународната агенција за атомска енергија IAEA во Виена и го доставил извештајот за причините за катастрофата во траење од пет часа.

Искрениот извештај, кој ја смирил меѓународната заедница, но ги налутил колегите дома. Легасов е роден во 1936 година во Тула 173 километри јужно од Москва. Валериј рано го одбрал својот кариерен пат. Како извонреден ученик и роден водач, благодарение на одличните оценки во школо, можел да го избере било кој Универзитет.

Се одлучил за Институтот за хемија и технологија Д.И. Менделјејев во Москва. По брилијантната одбрана на дипломата, Валериј добил понуда за докторат на Институтот за атомска енергија И.В. Курчатов.

Не ја прифатил веднаш. Прво две години минал во Сибирскиот хемиски комбинат во Томск, каде развивал плутониум за нуклеарно оружје, а потоа се приклучил на Институтот Курчатовљев. Таму Легасов го биело глас како еден од најистакнатите научници во подрачјето на анорганската хемија, односно хемија на племенити гасови.

Валериј за својот труд во ова поле, примил бројни државни награди. Нуклеарниот реактор не била негова специјалност. Тој во државната комисија за одговор на катастрофата во Чернобил на 26 април 1986 година се нашол сосема случајно. Не требало ни да замине за Чернобил.

Неговата специјалност била физикална хемија. Тој работел на експлозиви, вели неговата ќерка Инга Легасова.

„26 април беше сабота. Татко ми присуствуваше на состанокот на претседателството на Руската академија на науки со академикот Анатолијем Александров, кој во тоа време беше претседател на Академијата. Анатолиј доби повик преку затворената државна телефонска линија. Еден научник морал да биде во државната комисија, а сите заменици на Александров од институтот Курчатовљев биле недостапни. Државниот авион веќе чекал. Така мојот татко замина на состанокот и истиот ден отиде во Чернобил“, изјавила Инга.

Може да постои уште една причина за изборот на Легасов. Пред да се случи катастрофата, тој на нагласил важноста за нова безбедносна методологија за спречување на катастрофа и укажал на проблемите на реакторот RBMK-1000, реактор кој експлодира и укажал на ризиците во работата на нуклеарните електрани. Им понудил заштитен штит.

Колегите неговиот предлог го отфрлиле. Валериј по пристигнувањето инсистирал на евакуација на Припјат и работел на ублажување на последиците од експлозијата на реакторот. До следното утро на 26 април, пожарот бил угаснат, но огромната количина на радиоактивни елементи била ослободена во атмосферата.

Тоа што останало во реакторот и понатаму претставувала сериозна закана. Легасов ја опишал целата ситуација во која владеела голема неподготвеност, неред и страв.

„Тој беше единствениот научник кој работеше на местото на настанот. Одлично знаеше што работи и на колкава радијација е изложен“, се присетува неговата ќерка.

Вкупната количина на материјал кој под негова команда е фрлена на реакторот тежела околу 5000 тони, вклучувајќи околу 40 тони слоеви на бор, 2400 тони олово, 1800 тони песок и глина и 600 тони доломит, како и натриум фосфат и полимерна течност (Bu93). Потоа следеле чекори за спречување на растопениот радиоактивен материјал во водата.

Акцијата се одвивала во просториите на долниот систем на ладење, каде преку тунелите требало да се спречи радиоактивниот материјал стигне до подземните води.

Иако човек на местото на настанот најмногу можел да помине само две недели, без последици за неговиот живот, Легасов на местото на настанот останал четири месеци. Бил изложен на доза зрачење од 100 рема (Rentgen Equivalent For Men), четири пати повеќе од максималната доза од 25 рема.

На пети мај понало да покажува знаци на радиоактивна болест, потемнување на кожата и губење на косата, а до 15 мај почнал да пати од кашлица и несоница. Валериј во август 1986 година бил повикан од Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена претставувајќи го извештајот за катастрофата.

На почетокот требало да го направи шефот на државата Михаил Горбачов, но лидерот одлучил дека тоа би требало да го направи Легасов, научникот кој бил присутен на местото на настанот.

„На извештајот работел со цел тим на експерти“, се присетува неговата ќерка Инга.

Дојдено е до заклучок дека експлозијата е последица на низа фактори, вклучувајќи и конструктивни недостатоци на реакторот и човечки фактор. Персоналот не бил свесен за недостатокот и дека тестовите кои ги спроведувале можат да предизвикаат експлозија.

Извештајот помогнал во смирување на меѓународната заедница и Легасов ги осигурал пофалбите во странство, но властите и некои колеги научници од дома, сметале дека во извештајот се откриени доверливи информации.

„Тој за своја главна цел не го гледал оправдувањето на Советскиот Сојуз и криење на одредени информации, туку, напротив, едукација на светската заедница за тоа што треба да се направи во такви ситуации“, вели Инга за рускиот медиум МК.

„Мислам дека проблемот не беше во тајните податоци. Извештајот на IAEA имаше големо влијание и татко ми стана одеднаш многу популарен. Поради тоа некои од неговите колеги беа љубоморни“, додава Инга.

За Легасов следните две години биле тешки и психички и физички. Чувствувал анимозитет кај своите колеги и бил депримиран поради недостатокот на иницијатива за спречување на нови катастрофи како Чернобил во иднина. Освен тоа, како што се присетува Инга, радијациската болест ја направила работата уште полоша.

„Целосно престана да јаде, престана да спие. Добро знаеше што ќе следи и колку болно ќе биде. Веројатно не сакаше да биде на терет на мојата мајка“, изјавила Игна.

Две години по катастрофата, Легасов се обесил. Само осум години по неговото самоубиство, во 1996 година, Легасов постхумно ја добил почесната титула Херој на Руската Федерација за „храброст и јунаштво“ во истрагата на катастрофата, која му ја доделил тогашниот претседател Борис Елцин.

Летал над Чернобил неколку пати дневно и работел без одмор, често не обрнувајќи внимание на дозиметарот, уред за мерење на дозата на јонизираното зрачење.

Ќе ви се допадне