Ватикан со векови крие тајна која може да го промени светот

By

Скриените библиотеки од минатиот век, полека но сигурно се откриваат пред очите на јавноста. Ива се едни од најпознатите:

1. Библиотеката во пештерите во Кина

На крајот на пустината Гоби во Кина, се наоѓаат дел од мрежа на пештери. Местото е наречено Илјадници пештери на Буда и било запечатено илјадници години.

Таоистичкиот монах Ванг Хуанлу, кој бил неофицијален чувар, а истиот тој ја открил скриената врата во 1900 година, која водела до комората исполнета со ракописи од 4 и 11 век.

Локалните власти не покажале интерес за документите.

Унгарскиот истражител Аурел Стајн откупил 10.000 ракописи, а дел ги превземале и делегации од Франција, Русија и Јапонија. Кинеската влада веднаш потоа наредила и остатокот од документите да се префрлат во Пекинг.

Благодарение на иницијативата на Британската библиотека во 1994 година, со помош на нејзините партнери ширум светот, започнала дигитализација на колекцијата.

Никој не знаел зошто пештерата била запечатена. Експертите сметаат дека веројатно станувало збор за зачувување на списите кои повеќе не се користеле, а биле премногу важни за да се фрлат. Друга теорија е дека сакале да ги сочуваат од можна инвазија.

Нивното откритие ја има променето историјата. За еден од документите, се смета дека претставува најстарата книга на светот, која датирала уште од 868 година.

Во прашање е документ со кој се потврдува дека печатењето не потекнува од Европа.

2. Ватиканските тајни списи

Локацијата за една од најпознатите тајни библиотеки во светот била позната во 1612 година.

Зборот „тајна“ потекнува од латинскиот израз „secretum“, што всушност значи приватно.

Овие архиви ја содржеле папинската коресподенција во последните години, а според бројни теоретичари на заговори и поголемиот број на автори, таа вклучувала и черепи на вонземјани, докази за Исусовата крвна линија, но и за машината Хроновизор, која ја изградил еден бенедиктински свештеник, за да се врати во времето и да го сними распнувањето на Исус.

Токму поради ваквите (невистинити) приказни, полека се почнало со отворањето на архивата за јавноста. За почеток биле организирани само изложби на одредени документи и ограничени посети во делови од архивот.

Сепак во поголем дел влезот ѝ понатаму бил забранет, а имагинативните приказни кои се појавиле во јавноста, во голем дел се однесувале на тоа што архивот бил сместен во бетонски бункер, чиј дел се наоѓал во Базиликата на Свети Петар. За него се грижеле швајцарските војници и ватиканската полиција.

Меѓу интересните документи во архивите се наоѓаат и дописите на папата со Моцарт, Еразмусон, Волтер па дури и Хитлер. Тука е и декретот за екскомункацијата со Мартин Лутер, рачно пишаниот транскрипт од судењето на Галилео за ересот и писмото на Микеланџело, во кое славниот уметник се жали дека работата за Сикстинската капела не му е платена.

3. Каирска Гениза

Овие списи не ги чувала вооружена стража, туку вековите на заборав.

Околу 280.000 фрагменти од еврејските списи се пронајдени во ѕидовите на синагогот Бен Езра, а станале познати како „Каирска Гениза“.

Сочувани се списи каде се споменува Господ, затоа што истите не смееле да се фрлат. Тие кои не биле користени, биле преместени во посебен дел од синагогот.

Фрагментите се исклучително важни затоа што откриваат како еврејските трговци на Блискиот исток и на Медитеранот соработувале со христијаните и муслиманите, а антисемитизмот не бил толку раширен како што претходно се мислело.

 

Ќе ви се допадне

AniWatch anime websites: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 7

AnimeDao attack on titan season 3 animedao: Watch High School DxD Episode 5 (https://animedao.nl/m/vWN/ep-5)