Велика Британија повеќе не е христијанска земја

By

Британија повеќе не е христијанска нација и би требало соодветно на тоа да го пронајде патот кон новиот светски поредок!

dobivaj vesti na viber

До ваквиот заклучок е дојдено по двегодишното истражување за доверба за местото на религијата во општеството на островот, а кое во неделата предизвика бран негодувања од страна на политичарите и осуда од англиската црква, јавува „Национал пост“.

Довербата, како што пишува во конечниот извештај, во чија изработка учествувале религиските лидери од сите вери, повикува на системско повлекување на христијанството од јавниот живот.

Авторите наведуваат дека е намалено одењето во црква и е забележан зголемен бројот на муслимани. Според нив, потребен е нов договор за религијата во Обединетото Кралство. Извештајот сѐ повеќе им дава значење на нерелигиските гласови и на оние што не припаѓаат на христијанската вера.

Извештајот предизвика спор во неделата вечерта кога министрите го оценија како наместен, а англиската црква изјавила дека бил направен од хуманисти.

Меѓу другото, во документот направен за довербата во религијата и верата во јавниот живот се наведува:

„Верските училишта мора да бидат вклучени во општеството, а праксата на воспитување на децата врз основа на нивните верувања мора да бидат отстрани.

„Одреден број бискупи во англиската црква во Куќата на лордовите треба да се заменат со имами, рабини и други нехристијански свештеници.

„Веронауката во училиштата треба да се отстрани.

„Церемониите поврзани со крунисување на идните владетели на монархиите мора да бидат сменети.

„Мисата на денот“ на Би-би-си Радио 4 треба да вклучува и нерелигиозни пораки.

„Во него се бара дозвола на студентите да ги изнесат своите радикални гледишта на универзитетите, без страв дека заради тоа ќе бидат пријавени на безбедносните служби.

Зголемување на оние со нерелигиски верувања, намалување на бројот на христијани и зголемување на нивната разноликост, како и зголемување на бројот на луѓето што се идентификуваат со нехристијанските религии. Вака е утврден социјалниот контекст во денешна Британија“, се заклучува во направениот извештај.

 

 

Ќе ви се допадне

nạp tiền go88 bị từ chối

sunwin ân ông trùm sunwin hack sunwin