(Видео) Американец тврди дека има доказ дека постојат вонземјани

Скот Воринг, кој во Америка е познат како човек што верува дека постојат вонземјани, на социјалните мрежи објави видео и тврди дека големиот портокалов предмет во форма на диск, кој е врзан за задниот дел на камион, е всушност НЛО.

Бидејќи снимката е направена со телефон, квалитетот е слаб, па не може со сигурност да се утврди за што станува збор, но најверојатно станува збор за срушен шатор или тенда, пишува „Експрес“. Воринг смета дека тие не се во право.

„Еве една интересна снимка на приколка и камион кои имаат помали проблеми со НЛО што излегло од рамнотежа“, напишал Воринг и додал дека тоа е предмет што вонземјаните ѝ го дале на американската војска и сега се пренесува на безбедно место за да се тестира.

Без никакви докази, тој наведува дека леталото безбедно ќе биде однесено во Областа 51, легендарна американска воена база, за која многу теоретичари на заговор сметаат дека крие докази за постоењето вонземјани и нивната технологија. Некои одат дотаму што веруваат дека во воената база има и вонземјани кои се проучуваат.

„Без разлика дали станува збор за размена или НЛО-то само се се срушило, тоа сигурно сега ќе биде преместено во воена база, најверојатно во Областа 51“, вели Ворнинг.

Scroll to Top