(Видео) Бил Гејтс: За следната пандемија ќе бидеме подготвени

By

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, предвидува дека во иднина би можела да се појави нова пандемија на планетата, но вели дека човештвото тогаш ќе биде подготвено за такво нешто.

Милијардерот во подкаст, со глумицата Рашид Џонс и главниот инфектолог во САД, Ентони Фаучи, разговарале за пандемијата за коронавирусот и промените кои може ковид 19 да ги донесе.

За време на разговорот, Џонс го прашува Гејтс, дали на човештвото може да му се случи нова пандемија.

„Да. Ќе имаме среќа, ако тоа се случи во период од дваесет години“, изјавил Гејтс.

Тој нагласил и дека постои сценарио по кое таа може да се појави и низ три години. Сепак, како што нагласил Гејтс, следниот пат човештвото ќе биде подготвено за пандемијата. Според неговите зборови, до тогаш ќе се појават алгоритми, во рамки на кои ќе се воведе карантин, а ќе бидат и подобрени системите за тестирање на потенцијалните преносители на инфекцијата.

„Следниот пат нема да бидеме вака глупи“, заклучил Бил Гејтс.

Курир.рс

 

Ќе ви се допадне

Watch Tian Guan Ci Fu Episode 10 (https://animeflix.nl/m/zP0j/ep-10) at ANIMEFLIX animeflix plunderer

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13 at AnimePlanet boruto anime planet