Сите се вклучени во потрагата по исчезната девојка Габи Петито, која не се вратила од патувањето во еден од националните паркови во САД со својот свршеник.
Полицијата и истражителите велат дека корисниците на социјалните мрежи во САД им биле од голема помош пренесуваат американските медиуми.
Мистериозното исчезнување на дваесет и двегодишната девојка Габи Петито со денови ја интригира американската јавност, а сè уште се чекаат резултатите од обдукцијата на телото, кое беше пронајдено во националниот парк во Вајоминг.
Властите апелираат до сите кои имаат некакви информации за неа да се јават, а една од нив е блогерка која тврди дека снимила комбе во кое Габи патувала со своето момче.
Јутјуберката Џен Бетун снимила бело комбе од марката „форд транзит конект“, на 27 август, на местото каде што полицијата го нашла телото на исчезнатата девојка.
View this post on Instagram
Кога властите објавиле дека можно е Петито да исчезнала, Бетун ги прегледала своите снимки и ги викнала сите кои биле на споменатото подрачје да ги прегледаат и тие нивните сними, затоа што можеби во нив се крие клучниот доказ за убиството на девојката.
Бетун заедно со својот сопруг и трите деца патувале низ САД, а кога виделе комбе кое имало таблички од Флорида, застанале да се поздрават, затоа што и тие биле од тој крај.
View this post on Instagram
„Ние сме од Флорида, а комбето имаше регистрации од таму, па сакавме да застанеме и да се поздравиме. Но, комбето беше многу темно и затворено, се чинеше дека нема никого па продолживме да возиме. Многу ми е жал што не ја донесовме жива“, рече Џен.
Таа ги прегледала снимките од полицијата, по што видеото го објавила на „Инстаграм“. Таа стапила во контакт и со мајката на исчезнатата девојка за да ѝ изрази сочувство.
За потсетување, Габи со нејзиниот партнер Брајан Лондри патувала низ американските национални паркови, но нејзиното семејство на почетокот на септември пријавило дека таа е исчезната. Лондри се вратил сам на Флорида, каде што заедно живееле, а потоа и тој исчезнал.
За него нема никакви вести веќе десетина дена.
Се верува дека остатоците на Петито биле најдени во неделата, а за денес е закажана обдукција која ќе помогне во расветлување на случајот. Полицијата засега трага по нејзиното момче.
View this post on Instagram