(Видео) Додека Африка се дели на два дела, Сибир станува континент

By

Додека Африка се дели на два дела, Сибир станува континент, предупредуваат научниците. На крајот на септември тие велат дека местото Бајкал било погодено со силина од шест магнитуди.

Ширум Бурјатија, руска република во која се наоѓа езеро, се почуствуваа силни потреси. Голем број од луѓето кои живееле таму биле уплашени, затоа што десетина години се немало случено ништо. Тие се исплашени затоа што тоа бил средината на големиот континент, кој се смета за еден од најстабилните предели на планетата, оддеднаш почнал да се тресе.

Сеизмичките активности на Бајкалското езеро не се реткост. Во централниот дел на езерото од 2001 година, до 2012 година, биле регистрирани повеќе од 19.000 земјотреси, воглавно стабилни. Но, во Министерството за вонредна состојба на Руската Федерација, овој регион бил класификуван како субјект од прв степен на опасност.

Интезитетот на потреси на ова место може да достигне 9 степени, како што било случај на 29. август 1959 година, кога силината достигнала магнитуда до 6,8 степени. Иркутск настрадал, исто како и други населени места кои се наоѓале во близина.

100 години претходно, на 12. јануари 1962 година, како резултат на катастрофалниот земјотрес, на источниот брег од Бајкалското езеро, настанал заливот Провал. Во тој контект, моменталниот земјотрес бил практично вообичаен. Според проценките на научниците, сеизмичките потреси со висок интезитет, не би требало да се очекуваат да се случуваат почесто во овој регион.

Тие би требало да се случат еднаш, на секој 300 години, велат научниците. Геолозите систематски го истражуваат Бајкал од почетокот на 20. век. Шеесетите години докажале дека неговиот слив е формиран на ист начин како и ланецот на езера во Големиот источноафрикански ров.

Бајкал е голема пукнатина во земјената кора. Таквата структура е добро позната во океаните, но за научниците останува мистерија како е можно да се појави иста таква на континентите. Според современите концепти, ова е резултат на движење на масата во жешките делови на земјената кора. Ако одоздола се појави џиновски меур на магма, дури и моќните древни континентални плчои, можат да се скршат.

Настанува систем на прекршување. Рабовите постепено се раздвојуваат, дното се продлабочува, длабочините се полнат со вода. Се формира море, а потоа и океан. Токму на тој начин настанало Црвеното море и Атланскиот океан.

Истражувачите од Лимнолошкиот институт во Сибирскиот огранок на Руската академија на науки, докажале дек Бајкалското езеро, постепено се претвора во океан. На тоа укажува неговата структура, вид на спуштање на тлото, акумулацијата на гасните хидрати, маслото, хидротермалните извори и специфичниот подводен свет.

Дното на Бајкалското езеро се разбудило за километар пре повеќе од милион години, а езерото ја достигнало сегашната длабочина од 1600 метри, пред 150.000 години. Рифт, местото каде двете тектонски плочи на Земјината кора се раздвојуваат, се шири за четири милиметри годишно.

За 200 милиони години, ако процесот не се прекине, а тоа се случува во геолошката историја, Бајкал ќе се претвори во океан. Научниците предложуваат ова да се вика Неоазијски. Сибир ќе стане посебен континент.

Најдолгиот длабок расцеп на средината на континентот е Големата раседна долина во Источна Африка. Се простира на 5000 километри од Либан до Мозамбик и е одбележана со ланец на активни вулкани и езера, меѓу кои, најдлабокиот Танганјик, кој е само малку позначаен од Бајкалскиот.

Поголемиот источноафрикански ров почнал да се формира пред повеќе од 25 милиони години и на големо го има променето овој дел од континентот, покренувајќи низа на настани кои на крајот довеле до создавање на идеални услови за еволуција на приматите на ова место.

Тука нема катастрофални земјотреси како на Пацификот или во Источна Азија. Но, потресите се чести. Магнитудата достигнува и бројка до 7, а длабичината е поголема од 30 километри. Тоа е Мохоровичичев дисконтинуитет, кој ја одвојува Земјината кора и горниот дел од Земјената обвивка на јадрото.

За разлика од Бајкал, источноевропската платформа, на која се наоѓа Москва и Санкт Петербург, се смета за сеизмички безбедна. Тука само стигнуваат брановите од силните земјотреси на Карпатите. Последен таков настан се случил на 4. март 1977 година.

Епицентарот бил лоциран во зоната Вранча во Романија, а во Москва и регионот овие осцилации биле со интезитет од четири степени, а на повисоките катови и по шест до седум степени.

Минаа неколку децении, а овој земјотрес го паметат само жителите на Москва, оние постарите геерации и научниците во научните текстови. Се чини дек ништо слично не претставувало закана за центарот на Русија. Оддеднаш на 24. мај 2013 година, во Москва, почнала да се тресе земјата.

Горните катови на високите згради почнале да се нишаат, а на луѓето им се вртело во главите. Многумина избегале од своите домови на улица. На улицата Леснај, биле евакуирани околу 400 луѓе од зградите високи и по десет ката.

Тоа предизвикало голем одек и се создало бран од дезинформации на мрежата. Во меѓувреме, геолозите инсистирале дека немало причина за паника и дека станувало збор за земјотреси со силина од 7,7 степени, кои се случиле во Охотското море.

Неговото жариште се наоѓало на длабочина од 600 километри и е во активната зона каде се наоѓа Тихоокеанската плоча под рабовите на континентот. На ова место се случуваат чести и силни земјотреси.

Сеизмичките бранови од Охотското море, преминале 6500 километри и стигнале до европскиот дел на земјата. Ова е забележано за првпат по триста години. Според зборовите на Андреј Никонов, од институтот за физика во Руската академија за науки, многуте силни земјотреси на Карпатите, кои можат да се почувствуваат на големи далечини, не се случуваат често. Тие настануваат еднаш на секои 600 години.

 

Ќе ви се допадне

Our Last Crusade or the Rise of a New World Episode 12 at website https://animeflix.nl animeflix netflix

Watch Kaguya-sama: Love is War Season 2 (Dub) Episode 10 (https://animeheaven.pro/m/ad4M/ep-10) at website https://animeheaven.pro hunter x hunter anime heaven