(Видео) Германците прават посебни фрижидери за чување на вакцините за коронавирус

By

Додека светот го чека развојот на првите вакцини против коронавирус, Германците размислуваат и за адекватно складирање на милион дози од истите.

Германската компанија „Биндер“ почна со производство на посебни фрижидери, специјализирани за чување на вакцини против коронавирус, на температура од минус 80 степени Целзиусови.

Вработените во технолошката компанија VA-Q-TEC, подготвуваат кутии со многу ниски температури во кои ќе се транспортираат вакцините.

„Можеме да ја спуштиме температурата и до минус 90 степени Целзиусови. Зошто е тоа важно? Затоа што вакцините MRNA мораат да бидат чувани во екстремно ладни услови. Таму можете да ги складирате подолго време, пред да бидат дистрибуирани и користени. Тоа е можно со овој уред, кој може да ги замрзне работите во него на ултра ниски температури. Тој е посебен, затоа што има многу добра изолација која овозможува безбедно чување на температура од минус 70 или минус 90 степени. Во зависност од желбата на клиентот, дури иако надворешната температура е околу 20 степени, или 25 степени, постои разлика од дури 100 степени. Во случај да снема струја, изолацијата останува недопрена во наредните 24 часа, така што, тоа што се наоѓа во фрижидерот, ќе остане неоштетео“, изјавил Питер Вимер, потпретседател на компанијата Бinder inovation and product.

Питер Биндер, извршниот директор на компанијата, вели дека производството им се зголемило во последните три месеци.

„Зборуваме за трицифрени проценти. Како што можете да замислите, побарувачката за овие уреди, се зголеми во последните неколку недели, а се разбира сакаме да задоволиме колку е можно повеќе муштерии, да дадеме максимален допринес за да вакцините можат според планот, за краток временски период, бидат транспортирани“, објаснил тој.

Ќе ви се допадне